4 хороскопски знаци кои го кријат нивното вистинско лице на почетокот од врската
Иако Близнаците се дружељубиви и оставаат добар прв впечаток, сето ова е површно. Односно, тие не откриваат никакви детали за себе додека не се уверат дека можат да му веруваат на партнерот.
На некои луѓе не им е проблем да споделуваат лични детали за себе и ќе дознаете многу за нив уште кога првпат ќе ги сретнете.
Но, некои луѓе се целосна спротивност. Некогаш поради страв дека ќе бидат повредени, а некогаш бидејќи сакаат да скријат некоја карактеристика, на некои луѓе им е потребен подолг период пред да се отворат пред новиот партнер.
Кои хороскопски знаци спаѓаат овде?
Бик
На Биковите им треба многу време за да почнат да веруваат некому.
Тие не можат да се чувствуваат удобно покрај некоја личност сè додека не ја запознаат навистина добро.
Поради ова, Биковите го кријат нивното вистинско лице на почетокот од врската.
Додека подобро да го запознаат партнерот, тие ќе кријат некои детали за нивниот карактер. Ако, пак, Бикот има навистина лоши карактеристики, умешно ќе ги крие и нив.
Јарец
Јарците се многу пребирливи, без разлика дали станува збор за пријатели или романтични партнери. На првиот состанок, тие не споделуваат речиси ништо за себе.
Како што подобро го запознаваат партнерот и почнуваат да му веруваат, постепено ќе почнат да откриваат некои детали. Сепак, ова ќе се случува бавно и ќе помине многу време пред партнерот вистински да ги запознае.
На Јарците обично им е страв дека ќе бидат повредени, па затоа им треба многу долг период за целосно да се отворат пред некого и да бидат ранливи.
Близнаци
Близнаците се дружељубиви личности кои се согласуваат одлично со сите.
Тие знаат како да остават добар прв впечаток и како да им се допаднат на сите.
Но сепак, сето ова е површно – Близнаците нема да откријат ништо за себе, особено ако станува збор за потенцијален партнер.
Тие прво сакаат да проверат каква личност е партнерот, да се осигурат дека можат да му веруваат, па дури потоа ќе почнат да размислуваат дали треба да споделат нешто лично.
Скорпија
Сите ги перципираат Скорпиите како мистериозни, најмногу бидејќи тие одбиваат да споделуваат детали за нивната приватност.
Ова важи дури и ако станува збор за пријатели и партнери.
На почетокот од врската, Скорпиите повеќе му поставуваат прашања на партнерот, отколку што зборуваат за себе и умешно можат да го скријат целиот нивен карактер.
Почнуваат да го покажуваат нивното вистинско лице, вклучувајќи ги и лошите карактеристики, дури кога ќе се уверат дека новата врска има потенцијал.
Спирова С. | Црнобело