Како се однесуваат хороскопските знаци кога сакаат само авантура (а како кога сакаат сериозна врска)?
Вага
Од една страна имате меко срце и не се обидувате премногу да ги наметнувате сопствените ставови, но од друга страна, ви пречи кога некој се обидува да ве убеди во работите за кои сте сигурни дека не се така како што ви ги прикажуваат.
Со вас, луѓето секогаш се на чисто – отворено кажувате како се чувствувате за врската во која што сте.
Со вас нема потреба некој да претпоставува дали сакате само авантура или сериозна врска, затоа што тоа отворено ќе му го кажете.
Скорпија
Познати сте по нетрпеливоста и по тоа што очекувате врската да стане сериозна уште по првиот состанок.
Најчесто вие сте тие што се нетрпеливи да влезат во сериозна врска и се разочаруваат кога ќе дознаат дека личноста што им се допаѓа сакала само авантура.
Кога сакате да започнете сериозна врска тогаш се опуштате и сакате да уживате во романтичните моменти, без премногу да брзате.
Стрелец
Тешко кој може да ги исполни вашите високи критериуми, па така кога не сте заинтересирани за сериозна врска секој што нема да ги пополни вашите замислени услови нема ниту да добие втора шанса.
Кога сте заинтересирани за сериозна врска, тогаш станувате свесни дека и партнерот е обичен човек и може да му се случи да направи грешка, но цврсто стоите на убедувањето дека „ако некој ве сака тогаш треба да направи сè за да ви ги исполни желбите“.
Јарец
Секогаш сте подготвени за тоа да бидете повредени, па затоа кога со некого имате само минлива авантура и немате сериозни намери се оградувате себеси и не сакате да говорите за сопствените чувства.
Најчесто оние што ќе имаат само минлива врска со вас стануваат веднаш свесни дека многу тешко може да продрат до вас и се плашат да се обидат да ве запознаат подобро.
Кога сте свесни дека сте ја запознале вистинската личност, најчесто станувате поотворени и им давате шанса на луѓето подобро да ве запознаат.
Водолија
Кога не сте сериозни за некоја врска, воопшто не вложувате напори за да ги зачувате добрите односи со партнерот. Ве нервира тоа што личноста што е со вас постојано нешто очекува од вас и бара да ѝ покажете дека се грижите за неа.
Од друга страна, кога ќе ја запознаете вистинската личност, тогаш целосно се посветувате на сè што има да ви каже и заинтересирани сте да дознаете колку можете повеќе за неа.
Риби
Познати сте како дружељубиви личности што сакаат отворено да флертуваат – за што вашите партнери често ви замеруваат.
Кога сте во несериозна врска воопшто не се обидувате да го промените ова однесување и обвинувањата дека сте несериозни и непосветени ги прифаќате со насмевка на лицето, а велите дека тоа е вашиот карактер и дека не можете да се промените.
Кога влегувате во сериозна врска, веднаш станувате свесни за тоа дека нема потреба постојано да флертувате со сите и се насочувате само кон саканата личност.
Б. С. Б. | Црнобело