Започна ретроградниот Јупитер - Што треба да направи секој хороскопски знак во наредниот период?

Овенот да внимава на темпераментот, Девицата да намали со критиките, а Рибите да внимаваат на парите – на кои сопствени карактеристики хороскопските знаци ќе треба да внимаваат во периодот до 23-ти ноември? Што ни носи ретроградниот Јупитер?

zapochna-retrogradniot-jupiter-shto-treba-da-napravi-sekoj-horoskopski-znak-vo-naredniot-period-01.jpg

Кога ќе се спомне поимот „ретрограден“, често на ум ни паѓа планетата Меркур, но периодов уште една планета почна да се движи наназад, а тоа е Јупитер. Како ќе се одрази ваквото движење врз хороскопските знаци и што треба да направите за да го „преживеете“?

Во астрологијата Јупитер се поврзува со среќата, растот и изобилието, а во наталната карта оваа планета најчесто укажува на вродените таленти, природната дарба, па дури и на неверојатните шанси за успех што ќе ги имате во животот.

Јупитер почна привидно да се движи наназад од 28-ми јули, а оваа фаза ќе трае до 23-ти ноември 2022-ра година.

За разлика од другите планети што кога ќе почнат со ретроградно движење предизвикуваат хаос, Јупитер во оваа фаза ве тера да застанете и да размислите, да се посветите на можностите што можеби сте ги пропуштиле и да им дадете втора шанса.

Што треба да направи секој хороскопски знак во овој период?

Овен

Обидете се да бидете посмирени, да не ги собирате во себеси негативните емоции заради што ќе ги напаѓате луѓето околу вас.

Ова е период кога ќе треба да поработите повеќе на себеси, а благодарение на натпреварувачкиот дух, во овој период ќе сакате себеси да се доведете до совршенство.

Обидете се да не носите избрзани одлуки и да не се обидувате на сила да ги завршите сите работи, туку бидете потрпеливи и оставете сѐ да си тече по природен тек.

Бик

Ќе се посветите на тоа да ги разгледате добро сопствените секојдневни навики и ќе се обидете да откриете дали ви носат напредок или ве држат во место.

Можно е во изминатиот период да бевте под голем стрес, па најверојатно ќе ви биде потребен одмор.

Ова е период кога треба да сфатите дека сите пречки во остварувањето на целите само ви овозможуваат да здивнете и да соберете нови сили за понатаму.

Близнаци

Ќе треба да ги надминете сопствените ограничувања. Отворени сте за промени и за да внесете новини во секојдневието и да стекнете нови искуства.

Сега е време да се ослободите од сите стереотипи што не ви дозволуваат да ги остварите сопствените цели.

На љубовен план ќе треба брзо да се приспособите на промените што ви ги наметнува партнерот или средината.

Рак

Ве водат емоциите, а силна страна ви е тоа што сте мошне свесни за нив. Ќе биде потребно да се обидете пологично да размислите за односите со луѓето околу вас и да не дозволувате да ве води срцето.

Потребно е разумно да ги согледате намерите на луѓето, начинот на комуникација и начинот на кој се однесуваат кон вас.

Сепак, интуицијата ќе ве однесе во вистинската насока и можно е помирување со некои луѓе со кои не сте биле во добри односи или прекинување на комуникацијата со пријателите што не ја заслужуваат вашата доверба.

Лав

Потребно ви е да размислите што е она што ве спречува да внесете нешто ново во животот и да запознаете нови пријатели.

Можеби проблемот се крие во вашата потреба постојано да ги импресионирате другите.

Потребно е да сфатите дека не можете да влијаете на туѓите одлуки, па најверојатно ова ќе биде период кога повеќе ќе размислувате за сопствениот однос кон другите околу вас.

Девица

Намалете со критиките и покажете повеќе емпатија кон луѓето околу вас. Ова е период кога треба повеќе да се опуштите и да сфатите дека не може нештата секогаш да се одвиваат според вашите строго утврдени планови.

Обидете се да стекнете нови пријатели и да уживате во некои бесцелни работи што ви го подобруваат расположението.

За крај, обидете се да не ја трошите енергијата на луѓето што воопшто не се важни во вашиот живот.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот? Овен – Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во ав...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Како да бидете посреќни и поуспешни во 2024-та, според хороскопскиот знак? Риби, во новата година пробајте да бидете поприземјени. Поставете си реалистични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg