Започна ретроградниот Јупитер - Што треба да направи секој хороскопски знак во наредниот период?
Вага
Во овој период ќе имате потреба да бидете поорганизирани, па нема да се штедите во сопствените обиди да воспоставите ред.
Нема да бидете ниту премногу заинтересирани дека оваа потреба не ви дозволува да напредувате, а ќе чувствувате постојан притисок да поработите на сопствениот углед и на склопувањето нови пријателства.
Сепак, бидете повнимателни и покритични за тоа кому му се доверувате и дали треба сѐ да оставите за да се посветите на луѓето што сѐ уште не докажале дека го заслужуваат вашето целосно внимание.
Скорпија
Ова ќе биде одличен период за да се посветите на креативноста. Ќе најдете нов начин за решавање на постоечките проблеми на работното место и ќе ги подобрите односите со претпоставените.
Обидете се да имате поголема доверба во колегите за завршувањето на задачите и да побарате помош кога ви е потребна.
Ова ќе биде одличен период за да поработите повеќе на сопствената самодоверба и на перцепцијата на работите околу вас.
Стрелец
Секогаш знаете како и во најлошите ситуации да најдете нешто позитивно. Токму оваа ваша способност ќе дојде до израз во наредниот период.
Ќе имате можност добро да размислите за сопствените врски и начинот на кој го живеете животот, па да донесете заклучок за тоа дали вашите напори вродуваат со резултати или само залудно си го губите времето.
До ноември ќе знаете каде залудно ја трошите енергијата, а кои личности ве полнат со позитивна енергија и ви даваат сила да продолжите понатаму.
Јарец
Ова ќе биде период во кој ќе треба да се фокусирате на водењето искрени и отворени разговори и да стекнете нови вештини. Можно е периодов да одлучите да го продолжите образованието.
Потрудете се да не ги анализирате премногу работите за да не си бидете сами на себеси пречка во стекнувањето нови знаења што ќе ви бидат неопходни во иднина.
Потрудете се да покажете повеќе емоции во комуникацијата со луѓето околу вас, но и да ги разберете сопствените чувства.
Водолија
Некои непријатни случувања од изминатиот период прават да се чувствувате истоштено. Воопшто не сте расположени за тоа да се задлабочувате и да ги анализирате сопствените емоции.
Но, ова ќе биде период во кој ќе треба повеќе да размислувате за тоа како одговарате на одредени ситуации во животот, а тоа ќе го постигнете доколку се обидете повеќе да се затворите во себеси и да не го користите целото слободно време само за излегувања и за дружење со други луѓе.
Ќе ви треба поголема храброст за да се соочите со сопствените сомнежи и стравови.
Риби
За вас ова ќе биде позитивен период во кој ќе имате зголемена самодоверба.
Во овој период повеќе внимание ќе посветите на тоа да направите анализа на тоа како ги трошите парите и како може да заштедите во иднина.
Периодов ќе направите сѐ за да се докажете и да покажете дека сте влијателни, но бидете реални во поставувањето на сопствените цели.
Б. С. Б. | Црнобело