Една навика со која несвесно си ја саботирате љубовната врска, според хороскопскиот знак
Вага
Да се биде во врска со Вага е како константно да сте во процес на водење преговори. Мора се да биде избалансирано до најмала ситница, па ако едниот денес одлучи каде ќе излезете, следниот пат тоа мора да го избере другиот. Ќе се согласат на што и да сакате, но под услов и партнерот да прифати нешто што Вагата сака.
Скорпија
Скорпијата е многу непредвидлива во врска – подготвени се за партнерот да си ја дадат и душата, но еден погрешен чекор може целосно да ја преврти наопаку. Една грешка во која тие ќе се најдат повредени или ќе се посомневаат и веднаш напаѓаат со отровни зборови кои целат директно во срце. Подоцна можеби се каат и бараат прошка, но прво ќе се погрижат партнерот да си ја сфати првичната грешка. Малку напорно темпо, зарем не?
Стрелец
Стрелците бегаат од обврзување и дури и најмалиот гест што може да им укаже на водење кон посериозен чекор во врската, може да почне да ги гуши и да си го бараат најбрзиот излез од врската. Не можат да поднесат некој да им ја зема слободата, а честопати прават лоша проценка мислејќи дека секој партнер е ист како поранешниот кој ги гушел. А, кому би му било пријатно постојано да го споредуваат со бивши љубови?
Јарец
Јарците се сметаат себеси за премногу важни и зафатени и немаат време да трошат за да му обрнуваат внимание на партнерот со работи кои би го задоволите. Сакаат да ја имаат контролата над врската и ретко прифаќаат идеи од партнерот затоа што сакаат тие да го водат темпото. Дефинитивно тешко да се издржи со ваков тип на личност.
Водолија
Водолиите сакаат да ги охрабруваат сите околу себе, да ги бодрат и да им кажуваат дека можат да направат нешто, да си ги тестираат границите и да истражуваат нови потенцијали. Партнерот не е исклучок од ова. Но, тие самите се! Ќе ве натераат да направите нешто, како на пример скокање на банџи, но тие ќе стојат на страна и само ќе ве бодрат додека вие се подготвувате да ѝ погледнете на смртта во очи. И да, на крајот даваат и оценување на перформансот.
Риби
Припадниците на овој знак веруваат дека сѐ се случува со причина, а понекогаш малку претеруваат мислејќи дека секоја ситница е местенка за тешка катастрофа. Партнерот мора да ги слуша како се жалат и драматизираат за секоја најмала работа како да е крај на светот, а во секоја ситуација тие се жртвите. Не е лесно да се живее со некој што постојано мисли дека работите се вртат околу него и секој сака нему да му наштети.