Сезона на Близнаци – зошто ги обожаваме и дали навистина се толку дволични според зодијакот?
За нив е прилепена етикетата „дволични“, но работите не се баш така едноставни како што изгледаат. Близнаците имаат неколку различни лица за различни луѓе и пригоди.
Иако изгледаат мошне пристапно и делуваат комуникативно, не е лесно да се спријателите со луѓе во знакот на Близнаци, бидејќи не пуштаат така лесно кого било во својот мал, совршено изграден свет.
Ова е сезона на Близнаци, па какви се тие како луѓе?
И умот и устата на Близнаците работат прилично брзо. Тие се како парна машина која се движи експресно. Близнаците се под влијание на Меркур, планетата на комуникацијата.
Тие се зборлести и мошне љубопитни, но го имаат и оној допадлив лик кој со себе носи уверување дека сите ваши тајни се безбедни кај нив.
Близнаците може да излезат до продавница или само да го фрлат ѓубрето, а по пат ќе сретнат најмалку 5 луѓе чија животна приказна ќе ја дознаат за помалку од 10 минути.
Близнаците се вешти соговорници. Се интересираат за многу теми, па разговорот никогаш нема да пресуши или да стане здодевен.
Тие се харизматични и по малку саркастични, но не им го земајте последното за зло, немаат никаква лоша намера кон вас. Само сакаат да се направат паметни пред останатите слушатели.
Имаат премногу идеи, но нималку трпение да ги остварат. Мислењето и расположението им се прилично променливи. Темпераментот никогаш не мирува – тие се постојано во движење, во акција и немаат желба за типична канцелариска работа „од 8 до 4“.
Близнаците се симпатични, шармантни и не се вдлабочуваат премногу во љубовните врски. Може да флертуваат со некого, без да бидат свесни за тоа, бидејќи не го прават со намера, туку ваквото однесување едноставно природно извира од нив.
Животот на Близнаците е вистинска вртелешка исполнета со забава, но и драма, 365 дена во годината.
Сакаат луѓе, забава, богат и исполнет социјален живот, долги разговори до рано утро, концерти, бучни и звучни настани и места. Колку повеќе луѓе – толку подобро.
Близнаците имаат повеќеслојна природа, со лице кое го чуваат само за себе, едно „намонтирано“ за пријателите и едно за непријателите.
Не се злопамтила, бидејќи не веруваат во одмазда на долг временски рок. Сè што имаат да ви кажат ќе го сторат тоа сега и веднаш, без многу заобиколување.
Близнаците би направиле многу повеќе работи во животот само доколку успеат да се сконцентрираат доволно долго на едно нешто.
Но, истрајноста и трпението не се нивните силни страни и секогаш ќе преоѓаат со неверојатна брзина кон нови луѓе, нови места, нови интереси, бидејќи тоа е она што „ги храни“ и им го прави животот интересен и возбудлив.
(О)Милена | Црнобело