Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Шеговит хороскоп: Каде секој хороскопски знак треба да ја бара сопствената сродна душа?

shegovit-horoskop-kade-sekoj-horoskopski-znak-treba-da-ja-bara-sopstvenata-srodna-dusha-02.jpg

Вага

Немојте да ги прескокнувате ликовните изложби, затоа што најверојатно таму ќе ја најдете својата сродна душа која најчесто е во знакот Близнаци.

Веднаш ќе ги препознаете по тоа што најверојатно тоа ќе бидат оние личности што водат гласни разговори со останатите присутни.

Доволно е само да му дадете некој смел коментар за изложбата и очекувајте дека ќе добиете досетлив одговор, што ќе биде знак дека сте на вистинскиот пат да ја најдете сродната душа.

Скорпија

Ваша сродна душа е Јарецот, а нив ќе ги најдете на работна вечера или на промоција каде најверојатно ќе биде вклучен во стекнување што е можно повеќе нови бизнис контакти.

Само еден директен поглед во очи ќе биде доволен за да оставите впечаток и да очекувате повик од негова страна.

Стрелец

На следната забава побарајте ја личноста во која се насочени сите погледи. Најверојатно тоа е вашата сродна душа родена во знакот на Лав, која ужива во центарот на вниманието.

Лавовите се познати по тоа што се големи љубители на деца, па често можете да ги најдете и на училишни екскурзии или на игралишта каде се забавуваат со нивните деца или внуци.

Јарец

Вашата сродна душа, родена во знакот Јарец најверојатно ќе ја најдете во некој клуб или ресторан за кој речиси и никој не знае и каде може целосно да ужива во сопствената приватност.

Исто така, Скорпиите се познати и по тоа што мошне сакаат да ја истражуваат човечката душа, па може да ги најдете на семинари и работилници за духовен развој.

Водолија

Вашата сродна душа родена во знакот на Овен најверојатно ќе ја запознаете излезена со колегите или некаде каде што има групни активности.

Познати се по тоа што се спортски ентузијасти, авантуристи, честопати ќе ги најдете во групи со извидници или планинари.

Риби

Раковите, вашите сродни души не сакаат премногу да се оддалечуваат од домот, па најверојатно ќе ги најдете на некоја забава или настан што се случува во нивна непосредна близина.

Исто така, познати се и по тоа што секогаш бараат ниски цени и намаленија, па сосема веројатно е да ги најдете на местата каде има големи попусти и распродажби.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Како несвесно си го уништувате животот, според вашиот месец на раѓање? Личностите родени во месец септември постојано се споредуваат со другите, а тоа ...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg