Како нудат брак хороскопските знаци (кој е романтичен, а кој сака партнерката да го запроси)?
Запросувањето треба да биде ден што ќе го помните засекогаш. Додека некои партнери сакаат да се подготвуваат долго време, да планираат патување, романтична атмосфера и јавно запросување, други се срамежливи.
Според астролозите, начинот на кој ќе ве запроси партнерот зависи од неговиот хороскопски знак.
Кому може да му се случи да подготви магично запросување, но да го заборави прстенот, а кој сака сѐ да биде јавно и пред голема публика?
Погледнете во продолжение какво запросување можете да очекувате според хороскопскиот знак на партнерот.
Овен
Храбрите и директни Овни најверојатно ќе ве запросат додека се занимавате со некој екстремен спорт, како качување на карпи или летање со параглајдер.
Иако, за некои луѓе ваквото запросување не е романтично, кога претставниците на овој знак знаат дека сакаат да го поминат животот со вас, ќе дојдат и тоа ќе ви кажат и воопшто не им е важно каде се наоѓате.
Со оглед на тоа што најчесто Овните се импулсивни, можете да очекувате нивното запросување да биде без прстен, но сигурно ќе ви се оддолжат подоцна.
Бик
Од Биковите можете да очекувате традиционално запросување, со клекнување на едно колено, прстен, избрана локација и секако, со чоколада и шампањско.
Најчесто ќе им треба долго време за да одлучат дека сакаат да стапат во брак со вас, но ако еднаш се одлучат дека тоа сакаат да го направат, тогаш запросувањето ќе биде „како што треба“.
Близнаци
Близнаците честопати се љубители на убавиот збор, па така предлогот за брак можете да го добиете во пишана форма.
Од Близнаците може да добиете писмо, порака, напис на плажа или напис на небото.
Исто така познати се и по тоа што имаат уникатна смисла за хумор, па така може да очекувате запросувањето да биде исполнето со потрага по прстенот или да треба да решите некоја загатка за да го добиете.
Рак
За Раковите најважно е семејството, па така очекувајте дека непосредно пред запросувањето ќе почне да поминува доста време со вашите најблиски, па дури и формално ќе побара дозвола од нив за да ве запроси.
Исто така, Раковите можно е да ве запросат на некој семеен настан на кој ќе може убавите вести веднаш да ги споделите со останатите членови од вашето семејство.
Прстенот најверојатно ќе биде од семејното наследство.
Лав
Лавовите сакаат луксуз, драма и внимание и ќе направат сѐ за запросувањето да биде незаборавно.
Очекувајте јавно запросување каде тој пред публика ќе ја покаже својата неизмерна љубов кон вас.
Според Лавовите запросувањето треба да биде настан што ќе биде забавен и долго ќе го паметите.
Девица
Девиците не сакаат премногу врева и бучава, но ќе посветат внимание на сите детали.
Може да очекувате да ве однесе некаде на пикник, во природа и да ви даде прстен изработен од природни материјали.
Девиците сакаат секогаш да знаете дека нивната љубов е силна и дека е поважна од гламурот и сјајот.