Реакцијата на секој хороскопски знак кога ќе се налути (и како простува?)
Додека Овенот избувнува и почнува да вика на цел глас, Рибите суптилно, без воопшто да забележите, ќе ве натераат да се чувствувате виновно што сте ги разгневиле.
Кога сме гневни, сите реагираме на различен начин. Некои имаат потреба да избувнат и да кажат сè што им лежи на душа, додека други го потиснуваат гневот и пробуваат да го избегнат конфликтот по секоја цена.
Како хороскопските знаци го искажуваат гневот?
Овен
Навистина е лесно да го разгневите Овен – како огнен знак, тој неретко има проблеми со темпераментот. А, кога е гневен, Овенот почнува да вика и може да ви ги каже најлошите работи.
Сепак, лутината брзо му поминува и речиси веднаш ќе се почувствува лошо за нештата што ви ги кажал.
Овенот не е најразумната личност кога станува збор за конфликти, а најдобриот начин да се справите со него во вакви ситуации е да останете смирени и да почекате да му помине лутината.
Бик
Треба вистински да се потрудите за да го разгневите Бикот, но штом ќе го направите тоа, најдобро бегајте.
Кога е гневен, Бикот е тивок, но оваа повлеченост е како затишје пред бура. Во овие мигови тој кове план како да ви се одмазди. Набрзо потоа Бикот ќе избувне, а бидејќи има одлична меморија, ќе почне да ви ги набројува и сите пропусти и грешки од минатото.
Откако ќе се смири, не очекувајте извинување и бидете сигурни дека Бикот ќе ја помни караницата уште долго.
Близнаци
Близнаците никогаш не молчат, па ако ги налутите ќе се соочите со многу викање.
Во некои ситуации, ако некој им погреши навистина многу, Близнаците ќе го избегнат викањето но ќе ги кажат работите за кои се сигурни дека најмногу ќе го повредат „непријателот“.
Тие ќе почнат да зборуваат за премногу лични теми, како пропаднати врски и лош однос со родителите, сè со цел да направат да се чувствувате мизерно и полошо отколку што се чувствуваат тие.
Рак
Раковите се навистина чувствителни, па тешко можат да се контролираат кога се гневни или повредени.
Проблемот е што тие премногу сериозно ги сфаќаат и најмалите пропусти на другите. Ако, на пример, задоцните за честитката за нивниот роденден, тие ќе го сфатат тоа многу лично.
Во ваквите ситуации можеби нема да викаат, но речиси сигурно ќе пуштат солза и ќе направат да се чувствувате како најлошата личност на светот.
Сепак, доволно е само искрено да им се извините за да сфатат дека претерале.
Лав
Како Овенот, и Лавот е огнен знак кој жестоко ја покажува лутината.
Лавот е особено горд и тешко дека ќе ја признае вината, дури и кога е повеќе од очигледно дека тој погрешил.
Кога е гневен, тој вика на цел глас, а може да почна и да фрла предмети околу собата.
За среќа, ова трае многу кратко – Лавот брзо ќе се смири и за неполн час речиси целосно ќе ја заборави ситуацијата.
Девица
Како најтрпеливиот знак во зодијакот, речиси невозможно е да разгневите Девица.
Кога, пак, е гневна, Девицата го крие ова и нема ни да познаете дека ви е лута. Проблемот е што Девицата го потиснува гневот, а ова има негативно влијание врз неа.
Со текот на времето таа ќе „експлодира“, но наместо да ви се развика, ќе почне целосно да ве игнорира и ќе се однесува како воопшто да не постоите.