Реакцијата на секој хороскопски знак кога ќе се налути (и како простува?)
Вага
Слично како Девицата, и Вагата го потиснува гневот и тешко дека ќе познаете ако ви е лута.
Вагата сака мир и тишина, па ги избегнува конфликтите по секоја цена.
Ако сепак е доволно гневна за да почне да се расправа со вас, Вагата нема да ви дозволи да победите и ќе ве натера самите да си ја воочите грешката.
Скорпија
Ако еднаш ја разгневите Скорпијата, веројатно засекогаш ќе ви го помни тоа.
Скорпијата нема проблеми со темпераментот и не е воопшто избувлива, па кога е гневна, тишината ѝ е најголемото оружје.
Таа нема да ви вика и да пробува да ви објасни зошто е гневна. Наместо тоа, ќе молчи и во тишина ќе ја планира својата одмазда.
Стрелец
Ако почнете да се расправате со гневен Стрелец, расправијата нема да заврши сè додека не се согласите дека тој е во право.
Стрелците не се ни обидуваат да ги ублажат зборовите кога се гневни, па ништо чудно и да ве натераат да се расплачете.
Покрај тоа, ако станува збор за сериозна караница, Стрелецот најверојатно ќе заборави дека постоите.
Јарец
Јарецот има огромна самоконтрола и речиси невозможно е да извлечете бурна реакција од него.
Но, како и сите луѓе, и Јарецот има граници, па ако претерате подгответе се за многу викање, па дури и фрлање предмети.
А, многу повеќе од викањето ќе ве погодат самите зборови на Јарецот. Тој ќе ви покаже дека не е гневен, туку само потполно разочаран од вас, а ова може да биде навистина болно доколку ви е блиска личност.
Водолија
И Водолијата е мирен знак кој не сака конфликти, па пробува да ги избегне по секој цена.
Обично Водолијата го потиснува гневот и чека да помине, но доколку станува збор за сериозна грешка од ваша страна, нема да ви каже ништо, туку само ќе почне да ве игнорира.
Ако сте во конфликт со Водолија, најдобро почекајте да ѝ помине лутината отколку да инсистирате да разговарате за проблемот – во спротивно, само ќе ја влошите ситуацијата.
Риби
Рибите се многу чувствителни и ранливи луѓе, а воопшто не можат да поднесат критики и конфликти.
Ова не значи дека избувнуваат кога се гневни и веројатно нема да почнат караница.
Но, во меѓувреме ќе пробаат да глумат жртва и да ве натераат да ги сожалувате. Неретко ќе се обидат да направат да се чувствувате виновно бидејќи сте ги повредиле, дури и ако нема причина за тоа.
Спирова С. | Црнобело