4 хороскопски знаци кои секогаш простуваат (дури и неверството)

Простувањето на неверство за многумина е „невозможна мисија“. Но, како што велат ѕвездите, има и такви кои можат да го преболат ова и да продолжат понатаму.

4-znaci-koi-sekogas-prostuvaat-neverstvo-01.jpg

Астрологијата вели дека во хороскопот има неколку знаци кои се повеќе наклонети од некои други во однос на простување на неверство.

Некои тоа го прават поради себе и поради стравот од осаменост, а други затоа што неверството го сметаат за „моментална слабост“ на партнерот, поради што љубовта не треба да се фрла „низ вода“.

Според астролозите, постојат четири знаци кои полесно простуваат од другите:

Бик

Биковите по природа се лојални и тоа го бараат и го ценат кај партнерот. Тие им припаѓаат на луѓето кои безрезервно им веруваат на своите партнери, особено доколку се во долга и стабилна врска.

Тешко им е да ги забележат недостатоците на другата страна, а особено да поверуваат дека се измамени.

Но, ако тој момент се случи, тие ќе го оправдаат неверството со „момент на слабост“, ќе му простат на саканиот и ќе останат со него.

Сепак, Бикот никогаш нема да го заборави неверството и уште долго ќе го споменува и ќе замерува.

Рак

Раковите простуваат неверство од страв дека ќе останат сами и напуштени. Кога ги рушат ѕидовите околу себе, тие ги споделуваат најдлабоките тајни, стравови и несигурности со партнерот и би направиле сè за нив. 

Ако партнерот ги изневерува, тие ќе му простат само да го избегнат моментот со скршено срце и разделба.

Скорпија

Скорпиите се страстен знак, но и покрај тоа што се знак кој е склон кон измама, сакаат да имаат контрола во врската.

Доколку се случи неверство кога е партнерот во прашање, тие би му ја простиле измамата, но само затоа што би профитирале некако од истата.

Чувството на доминација откако ќе даде прошка е она што Скорпијата всушност го сака. Таа ќе ужива кога партнерот ќе побара милост од неа бидејќи ја става во позиција во која тој би направил сè за да ја задоволи неа.

Риби

Рибите простуваат, но не затоа што навистина го сакаат тоа. Како и во многу други врски, тие не се целосно искрени во односот со партнерот.

Рибите најверојатно би сакале да си заминат, но остануваат бидејќи сакаат да го зачуваат својот образ пред луѓето.

Луѓето родени во овој знак честопати сакаат да го задржат добриот имиџ пред пријателите и семејството.

Рибите сакаат другите да ги доживуваат како непогрешливи и совршени, па дури и кога сите нивни врски не се такви.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се (не)верни Кога се вљубени, Девиците имаат очи само за нивниот партнер, додека Близнаците с...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg