Хороскопските знаци рангирани од најдобар до најлош во улога на шеф
Бик
Биковите знаат да го ценат трудот на вработените, но ќе ви треба време да сфатите дека тие бараат задачите да ги извршувате токму онака како што ви наложиле, така што тие се озлогласени „микроменаџери“ што постојано „ви дишат“ во врат.
Склони се кон тоа да бидат тврдоглави и постојано да ги проверуваат вработените.
Ако нешто направите добро овие шефови веднаш ќе ве пофалат и ќе ве наградат, а можете да им верувате дури откако тие ќе стекнат целосна доверба во вас.
Јарец
Тоа што сакаат структура и распоред е позитивната страна што ги прави добри лидери. Со нив секогаш знаете на што сте, немаат нереални очекувања и секогаш се тука за да помогнат во реализацијата на задачите.
Сепак, тешко прифаќаат нови идеи, затворени се и речиси никогаш нема да прифатат нешто за кое не се сигурни дека би можело да им успее.
Премногу се грижат за мислењето на другите и тоа е дополнителен товар што во голема мера непотребно влијае врз нивните одлуки.
Риби
Рибите се премногу емотивни, чувствителни и креативни, па заради тоа не се чувствуваат добро кога треба да менаџираат други луѓе.
Мразат кога треба да постават правила и очекувања, а ги излудува ако треба да играат психолошки игри со други луѓе.
Многу повеќе сакаат да го поминат времето во креирање и создавање нови идеи, а ако треба да бидат менаџери, ќе бидат успешни само ако работат на проект што многу им се допаѓа. Во таков случај тие се шефови за пример.
Лав
Мошне се доминантни и тешко прифаќаат компромис. Речиси секоја критика ја прифаќаат како навреда, заради што тешко воспоставуваат комуникација со вработените.
Вработените на шефот роден во знакот Лав често многу енергија трошат на тоа да не направат грешка и не може да очекуваат да бидат охрабрени самите да се обидат да направат нешто.
Лавовите се перфекционисти и ќе бараат одлична реализација од сите вработени. Благодарение на нивното его, важат за едни од најлошите шефови во Зодијакот.
Скорпија
Супер е да работите со Скорпија, но не и да работите за неа. Постојано сакаат да се покажат во најдобро светло, па често се ситничари и може да ве наведат да направите грешки.
Честопати Скорпиите знаат во себе да ги собираат сите негативни емоции.
Очекувајте дека може да ве озборуваат доколку сте ги изнервирале, а најмногу мразат вработени што не можат да ги сфатат нештата уште првиот пат кога им ги покажале.
Водолија
Водолиите секогаш се способни да постигнат целосно нови, свежи идеи и може да создадат нешто уникатно.
Но, токму поради тоа што се мошне креативни, честопати тешко остваруваат комуникација со другите луѓе.
Ако Водолиите се најдат на раководна позиција тогаш мора да бидат сигурни дека со себе ги имаат соодветните луѓе за работа, што ќе може да остварат добра комуникација со останатите.
Б. С. Б. | Црнобело