Нумеролозите тврдат дека куќниот број има своја енергија и може да ја обликува вашата личност – каква е вашата?
Според нумерологијата, бројот на вашиот дом кажува многу за вас. Ако некогаш сте ја истражувале нумерологијата, веројатно го знаете вашиот животен број – но дали сте знаеле дека бројот на вашата куќа има и нумеролошкo значење? Како да ја разберете нумерологијата на вашиот дом?
Процесот на одредување на нумерологијата на домот подразбира собирање на цифрите од вашата адреса додека не добиете едноцифрен број.
На пример, ако вашиот куќен број е 194, би собрале 1 + 9 + 4, би добиле 14, а потоа 1 + 4 = 5. Значи, во тој случај, бројот на вашата нумеролошка куќа е 5.
Бројот на вашиот дом зборува за енергијата која ја носи истиот. Овој број ни помага да го разбереме карактерот на нашиот животен простор.
Доколку живеете во стан 13Б, ќе го искористите само бројот 13 (без буквите), што го дава бројот 4 во нумерологијата.
Принципите на нумерологијата можат да се вткаат во многу аспекти од нашите животи, а нашите домови не се исклучок.
Иако можеби нема да можете да го промените бројот на вашата куќа, можете да го користите овој водич за да поработите на неговата енергија.
Еве што значи секој од куќните броеви во нумерологијата:
1
Овие домови се совршено место за почеток и прифаќање на вашата креативност и независност. Ова е одлично место за претприемачите и за оние кои се сами, дом во кој ќе бидете повеќе фокусирани на себе, па доколку сакате партнерство, ова можеби не е вашиот идеален дом.
2
Ако живеете во куќата број два, таа е идеална за врски. Партнерствата тука цветаат и ова претставува многу избалансиран простор на сите фронтови.
Оваа енергија поддржува соработка, емоционално истражување и удобност. Совршено е и за многу гости и настани и одличен простор за да се собираат саканите на едно место.
3
Комуникацијата и дружењето се истакнати карактеристики на оваа куќа, додавајќи дека овие вибрации се најмногу поврзани со самоизразувањето. Куќата со број 3 е, исто така, одличен простор за уметници бидејќи ја поддржува креативноста. Овде ќе има многу дружење, забави и ексцентрични луѓе.
4
Бројот 4 се однесува на практични и добро втемелени домови, па ако ви треба структура и основа, вие сте на вистинското место. Ова не е дом на промени, туку на доследност, стабилност и напорна работа.
Оваа енергија може да доведе до чувство на „униформираност“, па затоа не плашете се да создадете малку повеќе енергија во вашиот дом со убави растенија или дизајн инспириран од фенг-шуи.
5
Куќата со број 5 носи промени. Овде сè се менува и можете да очекувате многу авантури, патувања и изненадувања. Овие домови имаат активна енергија, многу разновидност и ги поместуваат границите.
Ќе бидете водени да испробувате нови работи, да имате уникатни искуства, да се соочите со вашите стравови и да научите вредни животни лекции низ тој процес.
6
6 носи убаво место за основање на семејство. Чувствата се топли и пријатни во овој дом, со љубов и исцелување ставени на прво место. Ќе најдете рамнотежа помеѓу кариерата и приватниот живот, но можеби ќе ве обземе чувство на должност и одговорност кон вашите најблиски.
7
Доколку живеете во дом со број 7, можеби сте особено интроспективни или слични на пустиник, бидејќи ова не е дом за гостопримство. Во ова „светилиште“, кое е длабоко медитативно и духовно, ќе бидете посветени на себе повеќе од кога било.
Овој дом е добро место за да останете фокусирани на некој проект, како и да одговорите на некој повик што одамна тлее во вас.
8
Бројот осум во нумерологијата е силно поврзан со изобилство, па дури и со богатство. Парите и моќта напредуваат во дом со овој број. Само погрижете се да ги негувате двете области и да ја користите вашата моќ на здрав начин, без опсесија или токсичност
9
Ова е топол и негувачки дом каде што секој се чувствува добредојден. Може да биде и место на завршетоци, имајќи предвид дека девет е поврзан со затворање, завршување и конечност. Тука се многу изразени несебичноста, простувањето, сочувството и посветеноста на целта.
(О)Милена | Црнобело