Што открива датумот кога сте ја започнале врската за вашата љубов?
Кога ја започнавте вашата врска со партнерот? Дали сте знаеле дека и вашата врска ѝ припаѓа на некој од 12-те хороскопски знаци? Дознајте кој знак е вашата љубовна врска и што открива тоа за љубовта.
Откријте во кој знак е вашата врска и каква иднина ѝ претстои според астролозите:
Овен (21.03-19.04)
На партнерите кои започнале врска во времето на владеењето на Овен, никогаш нема да им биде досадно. Помеѓу нив секогаш има искри, а решението за сите кавги се наоѓа во спалната соба.
Веројатно на сите други им оставаат впечаток дека се на работ на раскинување, но нивната врска е доволно силна и ќе ги преживеат сите несогласувања и разлики.
Помеѓу овие партнери нема лаги, а искреноста е еден од темелите на кои ја градат силната врска.
Бик (20.04-20.05)
Паровите кои започнале врска во знакот на Бик имаат силна и стабилна врска. Овие врски успешно ги издржуваат сите проблеми, а партнерите наоѓаат поддршка еден во друг. Никогаш нема да им недостига нежност и страст.
Единствена опасност може да биде фактот што партнерите целосно се препуштаат на меѓусебното уживање, а ги запоставуваат другите блиски луѓе.
Близнаци (21.05-20.06)
Оние чија љубовна врска започнала за време на владеењето на Близнаци, пред сè се добри пријатели и одлични животни сопатници.
Расположени се за забава и излегувања, имаат совршена комуникација меѓу себе, а отсуството на љубомора е уште една силна страна на оваа врска.
Негативната страна е што партнерите вложуваат премногу во општествениот живот, па постои голема веројатност во иднина да престанат да разменуваат нежности, а нивната врска би можела да стане само пријателска и платонска.
Рак (21.06-22.07)
Оваа врска ќе биде исполнета со нежност и романтика, а партнерите нема да можат долго да останат раздвоени. Никогаш нема да им недостига нежност и топлина, а и двајцата сакаат големо семејство со многу деца.
Негативната страна е преголемата посветеност еден кон друг, бидејќи партнерите не сакаат да одат никаде еден без друг.
Лав (23.07-22.08)
Врската започната во знакот на Лав ќе биде исполнета со драма и страст. Партнерите во еден момент жестоко ќе се караат, а во следниот момент на повидок ќе има страсно помирување во спалната соба.
Романтичните изливи на емоции се вообичаени. Овие парови се обидуваат да се претстават пред другите во најдобро светло, дури и кога меѓу нив има несогласувања.
Девица (23.08-22.09)
Љубовната врска која започнала за време на владеењето на овој знак се карактеризира со трајност и стабилност.
Меѓусебната желба за сигурност ги одржува партнерите заедно, а искрената и отворена комуникација, како и отсуството на жестоки кавги се само дел од предностите на оваа врска.
Партнерите ќе уживаат во интелектуални разговори и гледање филмови. Сепак, оваа врска може да нема страст, бидејќи партнерите не се склони отворено да ги изразуваат емоциите.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





