Сите хороскопски знаци во банка: Кој смирено чека, а кој е „само за да праша“?
Колку пати нервозно сте чекале и гласно сте дишеле од неверување, додека сте чекале да дојдете на ред до шалтерот во банка?
Некои со чекањето се носат прилично добро, додека други се екстремно нетрпеливи.
Насмејте се барајќи го вашиот хороскопски знак во приказната:
Девицата станала рано-рано, со цел пред почетокот на работното време да биде пред банка и прва би дошла на ред. 100 пати има проверено дали ја земала личната и картичката, а за секој случај тука ѝ е и деталниот извештај од последните 2 години.
Зад неа веднаш е Бикот, исто така подранет, но смирен бидејќи нема проблем со чекање, бидејќи го почитува редот.
Од такт може да го извади само Лавот, кој пробува да се бутне преку ред. Иако тоа го прави прилично пристојно, со напомена дека вистина му се брза и ќе биде вечно благодарен, сепак тоа го иритира Бикот.
Овенот во истиот момент бара да зборува со некој надреден, бидејќи такво кршење на редот го смета за недозволено и нефер.
Јарецот се приклучува кон жалбите и почнува гласно да се буни зошто сите се така бавни. Смета дека можат да работат малку подобро, побрзо и поефикасно.
За разлика од него, опуштениот Стрелец кој не би работел на шалтер ни за највисоката плата во светот, си размислува колку им е тешко на работниците кои секој ден мора да седат на исто место и малку се губи од реалноста.
Вагата се обидува со Стрелецот да започне разговор, како би си го пополнила времето. Малку ѝ е досадно, додека незаинтересираната Скорпија стои зад неа и избегнува контакт со очи, за да не би ѝ се закачила. Скорпиите не сакаат кога странци им се обраќаат без добар повод.
Рибата стои, мерка и ја анализира енергијата на сите. Кралицата на трпението не може да ја изнервира чекањето, баш како и Ракот, кој попрво со денови би стоел во редот, отколку да западне во конфликт.
Близнакот ништо не мора да чека. Веќе е на телефон со ќерката на тетката која работи во банка и договара прием штом вратата се отвори.
Единствено Водолијата поради тоа не го гледа под око. На неа ѝ е сеедно. И онака веќе пушти тројца преку ред. Само смирено.
М. Д. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





