Хипохондрици, посесивни: Мрачната страна на секој хороскопски знак
Кои се најлошите карактеристики на секој знак од зодијакот? Некој има лош темперамент кој тешко може да го контролира, друг е премногу одмаздољубив.
Какви сте вие според знакот и која е вашата темна страна која (не)вешто ја криете од другите околу вас?
Овен
Склони се кон кавги дури и кога немаат аргументи за расправија. Тие се особено чувствителни на своето его, па понекогаш се оддалечуваат од другите луѓе само за да не им биде повредена суетата. Често пати имаат тенденција да ги оставаат проектите недовршени, доколку им се даде можност за авантура.
Бик
Биковите сакаат да се разгалуваат и знаат да бидат малку мрзливи. Односно кога ќе седат на каучот, многу им е тешко да станат. Знаат да бидат посесивни и склони кон материјални работи и предмети. Исто така, тие можат да бидат претерано љубоморни во некои ситуации.
Близнаци
Припадниците на овој знак се премногу нервозни и имаат проблеми со донесувањето одлуки. Освен тоа, им недостига концентрација и се фокусираат на нешто што треба да го направат, па често губат добри можности во животот.
Рак
Често пати се нерасположени, депресивни, хронично песимисти, премногу емотивни и наметливи. За нив сè во животот е драма и постојано се чувствуваат како жртви. Склони се кон песимизам и хипохондрични за разни болести. Раковите уживаат во тажна средина на некој чуден, и само ним својствен, начин.
Лав
Лавовите имаат огромно его кое се чини дека нема граница. Тие се сметаат себеси за ѕвезди и не им е јасно како другите луѓе го немаат истото мислење за нив. Страсни се и имаат силна потреба за драма, а немаат трпение. Сакаат да привлекуваат внимание каде и да одат и тоа им оди од рака, бидејќи се заводливи и пријатни за гледање и слушање.
Девица
Девиците знаат да бидат немирни, претерано критични и тврдоглави, поради тоа што никогаш не се задоволни. Не е лесно да се живее со нив, бидејќи тие постојано мислат дека нешто може да биде подобро и на тој начин да ги „удават“ членовите на семејството и пријателите. Пред сè останато, ја ценат конструктивната критика и искреноста.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





