Едно прашање со кое ќе го поттикнете мажот емотивно да ви се разголи, според хороскопот
Според хороскопскиот знак, едно, но многу вредно прашање може да открие многу за мажот за којшто покажувате интерес.
Впрочем, со помош на астрологијата може да дознаете многу за мажот, па дури да ја откриете и онаа страна на личноста која не сте знаеле дека постои кај него.
Што треба да го прашате секој маж за да откриете повеќе работи за него?
Овен
Најдоброто прашање за мажот Овен е: „Кој е твојот најголем успех/достигнување во животот?“
Овенот може да одговори на ова прашање само на еден начин, но може да ви даде два различни одговори.
Ако му поставите прашања за неговите вредности, ќе дознаете дали има добри намери или крие пресметан дел од себе за кој претходно не сте знаеле.
Бик
Најдоброто прашање за мажот Бик е: „Колку пати си бил заљубен во животот?“
Бикот сака силно и длабоко, па затоа е важно да знаете во што точно се впуштате во почетната фаза од врската.
Ќе биде искрен со вас ако директно го прашате за неговото минато. Ќе ви ги даде сите одговори што ви се потребни, само треба навистина да слушате што ви зборува.
Близнаци
Најдоброто прашање за нив е „Што те плаши?“
Близнакот е социјален тип кој често излегува, па е навикнат на типични прашања за поранешните партнери и за себе. Но она на што не е навикнат е да го прашуваат што го плаши.
Тој живее брзо, па ако сакате да го натерате да забави со темпото и да одговори на сериозно прашање, мора да го фатите неподготвен.
Ако сакате да навлезете во умот на Близнаците, треба да му поставите прашања кои ќе го натераат да запре малку и навистина да размисли за неговиот одговор.
Рак
Најдоброто прашање што можете да му го поставите на мажот Рак е: „Која е твојата најчеста причина за раскинување?“
Ракот троши многу време за негување на совршени врски што не престанува да размислува за тоа што му е навистина важно.
Кога ќе му го поставите ова прашање, не дозволувајте да се извлече со одговори од типот на „неверство“ или „некој што не е близок со неговото семејство“ бидејќи овие одговори се лажни.
Лав
Најдоброто прашање за него е „Каде се гледаш себеси за пет/десет години?“
Лавот секогаш гледа кон иднината, иднината која се однесува на неговата кариера, односот со вас и самиот себе – па прашањето каде се гледа себеси за пет години е прашање чиј одговор може да ви открие многу.
И, на ваша среќа, ова прашање ќе биде сериозно одговорено. Ова прашање и секое прашање поврзано со неговата иднина ќе ви открие дел од неговите амбиции и планови.
Девица
Најдоброто прашање мажот Девица е: „Која е твојата идеја за совршена врска?“ Тој најчесто сака да има целосна контрола над сè во својот живот, но исто така не е од оние кои целосно им заповедуваат на партнерите.
Иако мажот Девица би сакал да има совршена врска, тој исто така би сакал и да му ги читате мислите, отколку да ви признае како изгледа таа совршена врска во неговиот ум.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





