Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Љубовен хороскоп за ноември 2021: Скорпии – бившиот партнер ќе ве прогонува, Стрелци – афера со зафатена личност

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2021-skorpii-bivshata-ljubov-kje-ve-progonuva-strelci-afera-so-zafatena-lichnost-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Со партнерот сте сконцентрирани на остварување на заедничките цели и подобрување на финансиската состојба. Сепак, поради некои неостварени очекувања можни се конфликти и губење на довербата, па така во втората половина на месецот можно е да дојдете и на чекор до раскинување. Наместо да го обвинувате партнерот за проблемите, обидете се да постигнете компромис.

Ако сте слободни:

Склони сте на тоа да се впуштате во авантури со личности што по природа се мошне проблематични и се однесуваат неконтролирано, а тоа ќе ви донесе непријатни ситуации. Ќе започнете некоја незначајна врска на почетокот на месецот, но ќе сфатите дека таа личност е опседната со вас и ќе се обиде да ве контролира. Обидите за раскинување може да ви донесат проблеми, па затоа подобро е да се воздржите од влегување во врска.

Скорпија

Ако сте во врска:

Сопствените потреби ги истакнувате во прв план и го занемарувате партнерот, а тоа ќе ви донесе големи несогласувања. Доколку не разговарате за важните работи и доколку останете цврсти на сопствените ставови можно е и раскинување на врската. Сепак, потребно е да издржите до крајот на месецот кога ќе ви се засили потребата од присуството на саканата личност и желбата за решавање на проблемите.

Ако сте слободни:

Склони сте за влегување во авантура со некоја проблематична личност што нема да биде тоа што сте очекувале, туку ќе ви приреди кавги и непријатни ситуации. Ќе ја раскинете таа врска, но можно е некој поранешен партнер да ве прогонува и да бара од вас да му се вратите. Помалку ќе бидете ексцентрични во вашите обиди да го привлечете вниманието на некоја личност што ви се допаѓа.

Стрелец

Ако сте во врска:

Ќе ја подобрите комуникацијата со партнерот. Ќе имате разговори за вашите заеднички планови, добро ќе се согласувате и ќе го почитувате тоа за што сте се договориле. Конечно ќе се отворите пред партнерот и ќе му се доверите за она што ве загрижува, а ќе добиете поддршка и разбирање. Во текот на месецот хармоничниот однос само ќе се засилува и ќе ви донесе зголемена меѓусебна доверба.

Ако сте слободни:

Преку пријатели ќе запознаете некоја личност што ќе ве привлече со сопствениот изглед, а кога ќе откриете дека таа личност не е слободна, ќе започнете тајна врска и интимни односи. Сепак, тоа што не се согласувате добро во другите аспекти од животот ќе ве натера брзо да ја прекинете аферата, а на крајот на месецот ќе запознаете некоја личност што ќе ви пружи внимание и ќе ве заинтригира.

Јарец

Ако сте во врска:

Искрените емоции и вниманието на партнерот ќе ја направат вашата врска постабилна и ќе најдете нови заеднички интереси. Ќе бидете поодговорни кон саканата личност и сакате да ги исполните дадените ветувања. Сепак, во втората половина на месецот можни се несогласувања во поглед на заедничките излегувања и забавите. Вашиот партнер сака да проба нешто ново и да запознае нови луѓе, а вие не сте подготвени за промени, но сепак ќе најдете компромис.

Ако сте слободни:

Овој месец не е поволен за отпочнување нова врска и дружење. Ќе запознаете повеќе забавни личности со кои ќе имате некои минливи авантури, но ништо сериозно. Лесно ќе влегувате во конфликти, несогласувања, полемики и мошне ви се нестабилни чувствата. Повозрасните Јарци ќе сакаат да започнат врска со некоја личност што одамна им се допаѓа, но некои меѓусебни разлики ќе бидат пресудни за да се откажат од намерите.

Водолија

Ако сте во врска:

Преоптоварени сте со работните обврски и немате премногу време за саканата личност, а тоа може да предизвика проблеми, па ќе мора да се приспособите на условите што ќе ви ги наметне партнерот. Од втората половина на месецот можни се несогласувања за друштвените активности и заедничките цели, сепак крајот на месецот ви отвора можност за решавање на проблемите и меѓусебно адаптирање.

Ако сте слободни:

Можни се неочекувани стресни ситуации што ќе ви донесат конфликти или прекин на барем едно пријателство. Ќе дознаете дека некој од вашите пријатели во тајност се гледа со личноста што подолго време ви се допаѓа и со која се обидувате да се зближите. Во втората половина на месецот ќе запознаете нови личности и имате можност за отпочнување на нова врска.

Риби

Ако сте во врска:

Ќе ја подобрите комуникацијата со саканата личност и ќе имате повеќе време за интимни заеднички моменти. Меѓусебно ќе си доверите некои тајни што ќе ви помогнат за зацврстување на врската и ќе си бидете меѓусебна поддршка. Сепак, од втората половина на месецот можни се некои несогласувања заради спротивставените ставови за тоа како да ја направите врската подинамична и да ја избегнете здодевноста.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот можно е започнување интимна врска со некоја личност што неодамна сте ја запознале, а која мошне ве привлекува. Ќе доживеете нови искуства и кај вас ќе се продлабочат емоциите, поради што ќе почнете да се отворате и да се доверувате, што ќе придонесе за тоа да започнете сериозна врска.

Фото: Pixabay.com / Freepik.com



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Кои хороскопски знаци ги очекува љубов до крајот на летото 2024? Ѕвездите ви се наклонети до крајот на летото, па некои Скорпии ќе добијат понуда...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Љубовен хороскоп за февруари 2025: Бикови – хармоничен однос со партнерот, Лавови – врска со зафатен... Девици – февруари ќе ви донесе промени во односот со партнерот, но не мора да зн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg