3 хороскопски знаци кои обожаваат да живеат во хаос
Кога ќе сретнете некој кој едноставно ужива во создавањето хаос, не може а да не го издвоите од масата.
Збрката, збунетоста, проблемите, вознемиреноста и неразбирањето се сосема пријатна и нормална атмосфера за овие 3 знаци:
Скорпија
Скорпијата е толку хаотична, што ја нарекуваат кралица на хаосот. Обожава да прави збрки и неволји.
Како многу интелигентни и манипулативни ликови, Скорпиите се служат со мали и малку поголеми лаги, како би го постигнале она што го сакаат.
Најголем хаос создаваат на поле љубов.
Лав
Импулсивниот Лав има обичај да прави што му се сака. Не се мисли многу за последиците, па сите негови дела се хаос во најава.
Своеглави се и сакаат да бидат работите по нивно, а тоа одлично функционира само во фантазиите.
Лавот нема проблем да ги доведе другите до забуна и да им ги повреди емоциите, само за да си го истера своето.
Близнаци
Близнаците функционираат на принцип „ме интересира што ќе се случи, ако го направам ова...“ И додека тоа е тотален хаос за останатите, за нив е возбуда и интересен настан.
Кога им е досадно, ќе направат некоја глупост за да ги оживеат работите.
Меѓутоа, неретко се случува Близнаците да создадат сериозни последици во љубовта, семејството и работата, затоа што живеат во моментот и не мислат на утре.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





