Каков е секој хороскопски знак по раскинувањето – во една реченица?
Ниту еден пар не ја раскинува врската подеднакво исто, а тоа делумно зависи од самиот однос, од карактерот, а некои би рекле и од хороскопскиот знак...
Ако им веруваме на астролозите, секој хороскопски знак се однесува различно по раскинувањето. Колку е точно?
Овен – Раскинува на брзина, но моли за да му простат 3 месеци подоцна.
Бик – Веднаш го менува статусот во слободен и го блокира бившиот партнер на социјални мрежи.
Близнаци – Наоѓа нова љубов со брзината на светлината и негира дека некогаш се познавале со бившиот.
Рак – Останува најдобар пријател со бившиот.
Лав – Во истиот момент ги фрла сите работи од бившиот партнер и прави генералка на спомените.
Девица – Ги врти сите пријатели против бившиот партнер и го прогонува од сите страни.
Вага – Вели дека е готово, но сфаќа дека во истиот момент се предомислува и е неодлучна.
Скорпија – Ги буши гумите на автомобилот на бившиот партнер и прави максимална штета.
Стрелец – Предлага отворена врска без проблем.
Јарец – Прифаќа некоја работа на подалечно место од дома за да отиде што подалеку од разочарувањето.
Водолија – „Би сакал/а да останеме пријатели...“ е нивната фраза.
Риби – Ве обвинува додека не чувствувате грижа на совест дека вие сте виновни што љубовта се распаднала.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





