Бикот мрази кога му сервираат лоша храна, Скорпиите не поднесуваат фалбаџии – што најмногу го нервира секој од знаците?

Вага

Ова е знакот кој најмногу го нервира љубомората од страна на партнерот, притисокот што партнерот може да го изврши врз нив, како и сè што има врска со грубост и насилно однесување.

Вагата е нежна и весела, па ја нервираат песимистички луѓе кои само лелекаат. Вагите не може да поднесат остри зборови. Исто така не сакаат некултурни изрази и прекумерна тврдоглавост. Тие секогаш се повлекуваат од друштвото или просторијата кога има викање, врева, кавга.

Скорпија

Скорпиите се управувани од Плутон што носи постојани внатрешни трансформации, така што со овие луѓе никогаш не знаете на што сте. Најмногу ги иритираат кукавици и луѓе кои премногу отворено ги покажуваат емоциите, страв, очај, тага затоа што во суштина се големи борци и не сакаат да слушаат такви тажни, емотивни приказни.

Скорпијата не толерира фалбаџии, луѓе кои гласно се смеат и се однесуваат лежерно. Тие не толерираат и луѓе кои се занимаваат со натприродни работи, затоа што секогаш се сомневаат во сè. Не сакаат кога некој ќе ги обвини за лага и тогаш можат да бидат многу одмаздољубиви.

Стрелец

Стрелците се припадници на огнениот елемент Јупитер што ги дефинира како оптимисти и затоа не сака песимистички луѓе или оние кои шират негативни вибрации. Стрелците генерално доцнат, па мразат кога некој им замерува за оваа навика. Тие не можат да ја поднесат точноста и рутината, така што тоа е нивната слаба точка.

Имаат многу енергија, па ги нервираат луѓето кои сакаат да се одморат и честопати прават паузи. Тие секогаш се подготвени за движење и дејствување, па затоа не сакаат статични луѓе.

Јарец

Јарците имаат потреба да проценат сè одвнатре и од временско растојание. Не сакаат кога некој ги брза и кога ги тера да кажуваат повеќе од она што веќе го кажале, а сметаат дека е сосема доволно. Тие не сакаат премногу љубопитни луѓе и такви што претеруваат во сè.

Јарците не можат да ги поднесат луѓето кои постојано позајмуваат пари и постојано бараат нешто од другите. Тешко им е некогаш да побараат помош, и затоа никогаш нема да ги разберат луѓето кои постојано им се обраќаат за помош на другите.

Водолија

Водолијата е управува од Уран кој ги комплицира работите во нивните животи. Ова всушност значи дека тие не сакаат традиција, рутинско однесување, утврден шаблон на однесување, лаги и лажен морал. Водолијата е секогаш подготвена за нешто ново и подобро и затоа не ги разбираат луѓето што живеат во минатото.

Исто така, ги мразат луѓето кои им „солат памет“, бидејќи Водолијата има високо мислење за себе и смета дека скоро секогаш е во право.

Риби

Рибите се под влијание на Нептун, планетата на идеализмот и мечтаењето. Рибите не ја сакаат реалноста, рационалноста во однесувањето и честопати се повлекуваат во себе кога ќе почувствуваат дека луѓето околу нив се токму такви.

Тие се полни сочувство и разбирање и најдобро знаат како да простат, па затоа им е многу чудно кога некои луѓе се непопустливи. Рибите не сакаат затворени и ладни луѓе и бегаат од нив.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Како несвесно си го уништувате животот, според вашиот месец на раѓање? Личностите родени во месец септември постојано се споредуваат со другите, а тоа ...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg