Бикот мрази кога му сервираат лоша храна, Скорпиите не поднесуваат фалбаџии – што најмногу го нервира секој од знаците?
Секој од нас има најмалку 2 нешта коишто му го загорчуваат животот. За Јарецот тоа се луѓе кои позајмуваат работи, а потоа не ги враќаат. За Лавот – непријателот е оној што му го краде вниманието од другите луѓе.
Всушност, што најмногу го „живцира“ секој од знаците според астрологијата?
Овен
Овните ја имаат планетата Марс за свој владетел, што само по себе е синоним за нервоза, напнатост и енергија што треба добро да се потроши и канализира. Овните по природа се многу брзи и подвижни, па она што не им се допаѓа кај другите е нивната бавност и конфузија во однесувањето.
Овенот исто така не сака луѓе коишто доцнат, коишто зборуваат двосмислено и не се искажуваат докрај.
Бик
Неговиот владетел е Венера, планетата на задоволството и хедонизмот. Бикот не сака брзање, промени, ненадејни работи, па затоа и не сака луѓе кои се однесуваат на ваков начин, особено луѓе коишто се гласни, кои постојано трчаат и немаат време да се опуштат.
Венера владее со естетиката, па Бикот не сака луѓе кои се неуредни, кои не се грижат за нивниот изглед и го занемаруваат своето тело. Она што дополнително ги иритира е кога им служат лоша храна во ресторан или кога немаат доволно храна дома за да си подготват еден квалитетен оброк.
Близнаци
Кога станува збор за Близнаците, со нив владее Меркур и под ова влијание тие се многу зборлести и очекуваат дека сите околу него треба да се такви. Близнаците не може да разберат кога некој молчи и дека таа личност има потреба од мир за да се справи со себе и својот внатрешен живот.
Тие воедно се нервираат ако некој е бавен и нејасен во раскажувањето на некоја случка, ако комуникацијата е здодевна и без нови информации. Тие се познати по шега и забава во друштвото, па затоа не сакаат луѓе кои немаат смисла за хумор или премногу тврдоглави и сериозни луѓе, како што се Јарците и Скорпиите.
Рак
Кога станува збор за најемотивните во Зодијакот, Раковите имаат тенденција да гледаат и доживуваат сè врз основа на нивната емотивна процена. Затоа најмногу ги нервираат луѓето кои немаат чувство за другите.
Тие не сакаат да ги слушаат туѓите критики, и им паѓа чудно кога некој намерно ќе одлучи да нема семејство или кога некое лице е посветено само на работа и кариера. За нив домот е свето место и секој што постојано патува, сака да излегува и да се дружи им е многу чуден и на некој начин ги нервира. Не сакаат луѓе кои се фалат и зборуваат само за себе затоа што сметаат дека тоа е себичност и претерување.
Лав
Лавовите се „деца“ на Сонцето. Тие се многу импулсивни и драматични, па сè што е сведено на минимум и премногу мирно им предизвикува отпор и многу бурна реакција. Како по правило, Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, па затоа најлесно може да ги изнервира некој кој е поспособен од нив и кој веќе е во центарот на вниманието.
Лавот не сака да биде игнориран и запоставен, не сака да биде во затворени простории и не сака дожд, есен, лошо време, бидејќи за него сончевата светлина е всушност – живот.
Девица
Кај Девицата не постои нешто што не ја иритира, бидејќи со нив владее планетата Меркур која сама по себе носи прекумерна анализа на сè. Па така и најмалиот детаљ може да биде поттик за нервоза или негативно расположение.
Ги нервираат луѓе коишто се неуредни, премногу зборуваат за себе, се неорганизирани и реагираат премногу емотивно во јавноста.
Девицата не сака сè што има врска со некултурното однесување, па таквите лица и ваквите сцени постојано ги избегнуваат, а тие не сакаат да учествуваат во вакви настани.