Стрелецот остава хаос во кујната и поплава во бањата – Иритантни особини кај секој од хороскопските знаци

Оставањето неред зад себе, несмасноста или доцнењето, иако навидум се мали нешта, сепак имаат моќ да нè изнервираат и извадат „од такт“.

Iritantni-naviki-kaj-sekoj-od-znacite-01.jpg

Впрочем, секој знак во зодијакот има најмалку две навики што нè полудуваат:

Овен

Луѓето родени во знакот на Овен премногу сакаат да командуваат и понекогаш е невозможно да се направи компромис со нив. Понекогаш треба само да ги оставите да го прават она што го намислиле затоа што не сакаат да слушнат никој друг. Бидете внимателни со нив, бидејќи тие може да ве обвинат доколку доживеат неуспех.

Бик

Биковите може да бидат многу несмасни и невнимателни со кршливи предмети околу нив. Тие се љубопитни и сакаат да допрат сè што ќе го привлече нивното внимание, што многу често може да заврши со катастрофа.

Близнаци

Во нивната природа е Близнаците да се предомислат и можат да ве полудат со својата неодлучност. Тие не гледаат ништо лошо во тоа, дури може и да стават пауза на некоја работа што е речиси готова, за да започнат нова.

Рак

Нивното расположение е многу променливо кога не се наспани. Ако случајно станат на „лева нога“, може да бидат лошо расположени во текот на целиот ден, па затоа е најдобро да им дадете малку простор.

Лав

Лавовите можат со часови да зборуваат за себе. Тие секогаш се многу гласни без разлика дали се фалат, јадат или гледаат телевизија. Кога само би се потрудиле да бидат малку потивки… но, тоа нема да се случи никогаш.

Девица

Девиците се многу пребирливи без разлика дали станува збор за избор на храна или со кого сакаат да се дружат. Понекогаш тие се многу нетактични и склони кон осуда. Имаат високи стандарди и очекуваат сите да ги третираат како божество.

Продолжува на следната страна…



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg