Стрелецот остава хаос во кујната и поплава во бањата – Иритантни особини кај секој од хороскопските знаци
Вага
Луѓето родени во знакот на Вага забораваат на сè и сите околу себе кога ќе се вљубат. Тие се тип на пријатели што повеќе нема да ги гледате толку често кога ќе влезат во нова врска, но кога таа врска ќе заврши тие повторно, без срам, ќе ве побараат.
Скорпија
Скорпиите имаат навика да исчезнат кога треба да ги засукаат ракавите и да ви помогнат. Доколку не се расположени да ви помогнат, тие ќе бидат повеќе непријатни отколку од помош, па затоа многумина ги сметаат за невидени мрзи.
Стрелец
Стрелците често пати „проповедаат“ многу мудрости кои на крајот звучат прилично хаотично. Кога готват, тие ќе ги искористат сите можни кујнски апарати и ќе извалкаат еден куп садови. Кога се тушираат ќе остават поплава во бањата и најмалку 5 употребени крпи расфрлани на подот.
Јарец
Познавате луѓе кои секогаш забораваат да си го земат паричникот со себе? Јарците се едни од нив. Тие исто така имаат некои други иритирачки навики како што се кршењето на прстите или гризење на молив или пенкало што може да ве полуди.
Водолија
Водолијата понекогаш може да биде многу осамена и истовремено да ѝ биде здодевно. Многу им е тешко да се поврзат со некого и им треба прилично многу време да пуштат некој во нивниот живот. Тие имаат одредена рутина и навики и навистина тешко може да им се приближите.
Риби
Рибите можат да бидат многу неуредни и заборавени. Тие лесно ги губат клучевите, очилата, телефонот и никогаш не ги враќаат работите онаму каде што им е местото. Доколку имате некој во знакот на Риби во животот, многу веројатно е дека одите зад нив и собирате работи што ги расејуваат.
(О)Милена | Црнобело