Лицето на Бикот го облева руменило – Како реагираат знаците кога ќе се најдат во незгодна ситуација?
Не секој од нас може добро да се снајде во некаква незгодна ситуација. Астрологијата тврди дека секој од знаците си има свој план за ваквите ситуации. За Девицата ова не е крајот на светот, таа останува смирена.
За Водолијата пак… незгодните ситуации се навистина драма. Како реагирате вие според хороскопскиот знак кога ќе се најдете во некаква незгодна ситуација?
Овен
Сe однесувате ладнокрвно, како да не се случило ништо. Индиферентни сте и не дозволувате никој да ја види вашата нервоза или засраменост. Дома ја „премотувате лентата“ неколку пати и бескрајно анализирате што ве довело до ситуацијата која не сакате никогаш да се повтори.
Бик
Ви снемува зборови, нешто што навистина е несвојствено и нетипично за вас. Благо руменило ви го облева лицето и полека се повлекувате и замолчувате. Засрамени сте и си помислувате „зини земјо и голтни ме“. Вие навистина имате проблем да им простите на другите, но најмногу на себеси.
Близнаци
Кога сте во незгодна ситуација едноставно го напуштате местото на „злосторството“. Нема што да правите таму, подобро е да си заминете веднаш и да се упатите на некое друго место каде што се чувствувате сигурно и заштитено. Попатно си измислувате изговори и во вашата глава најчесто некој друг е виновен за незгодната ситуација.
Рак
За разлика од Близнаците, во вашиот ум – вие сте секогаш виновникот, речиси за сè лошо што ќе се случи. Имате грижа на совест, чувство на вина па веднаш нудите извинување за незгодната ситуација. Потоа го вадите паричникот и предлагате да ги почестите другите, секако на ваша сметка.
Лав
Вам ви се потребни сојузници и веднаш ги викате напомош вашите пријатели. Се чувствувате добро и сигурно кога ќе ја споделите маката со некој друг. Воедно, во незгодни ситуации имате потреба од помош и поддршка.
Девица
Вие сте родени со „тврда“ кожа. Па што ако сте дел од некоја незгодна ситуација? Тоа е нормално, природно и човечки. Не сте ниту првите ниту последните на светот кои се засрамиле. Апсолутно „око нема да ви трепне“ што мислат другите за вас.