Хороскопските знаци и нивните стравови: Овен - нападот е одбрана, Стрелец - глуми дека не е ништо

Некои знаци се повлекуваат во свој свет, други го напаѓаат стравот директно, а трети негираат дека нешто се случува - како се справува секој знак со своите стравови?

horoskopskite-znaci-i-nivnite-stravovi-oven-napadot-e-odbrana-strelec-glumi-deka-ne-e-nishto-01.jpgфото: depositphotos.com

Ретки се оние кои со трезвени глави седнуваат и се соочуваат со своите стравови. Повеќето хороскопски знаци одлучуваат да глумат дека ништо не се случува или да си наоѓаат занимација што ќе им ги одвлекува мислите од она што се плашат. 

Како се справува секој хороскопски знак со својот знак?

Овен – напад е најдобра одбрана

Сакате да покажете дека сте силни однадвор, дури и кога се плашите од нешто. Не покажувате слабост и веројатно веднаш ќе излезете со некој план за акција и импулсивно ќе се стрчате кон решение. Подобро ви е да го нападнете агресивно стравот, отколку да бегате од него.

Бик – тврдоглаво го негира проблемот

Не сакате да грешите, ниту сакате кога работите се менуваат. Кога ќе се соочите со најлошите ноќни мои, се држите до она што ви е познато. Подобро ви е да негирате нешто што се случува, отколку да го прифатите тоа како нешто постоечно. Тврдоглаво одбивате да го признаете стравот или нештото што се случува.

Близнаци – си наоѓаат занимација

И на Близнаците им е подобро да се прават дека ништо лошо не се случува, но за таа цел, си наоѓаат занимација која ќе им ги оттргне мислите од сите случувања. Подготвени сте да почнете нови активности и хобија, да се дружите со нови луѓе и да не дозволите празен простор во кој ќе помислите на она од што се плашите.

Рак – трча кај саканиот/ата за утеха

Тешко ви е да се соочувате со работите сами, па кога најлошите стравови ќе испливаат на површина, може да биде премногу за да го поднесете тоа. Полесно ви е да отидете во прегратките на саканата личност, или некој близок од семејството. Додека ги имате блиските покрај вас, се чувствувате подобро и полесно може да го надминете проблемот.

Лав – става маска на храбро лице и се однесува како да не му е грижа

Не се плашите од стравовите од самиот старт, подготвени сте да бидете храбри и да си го покажете лицето кое влева сериозност и бестрашност. Сакате да покажете дека ништо не може да ве загрижи премногу и глумите додека можете да издржите.

Девица – пробува да направи план/анализира

Во вашиот ум, за секој проблем постои решение. Дури и за вашите најлоши стравови. Дури и кога работите се надвор од ваша контрола, вие секогаш си давате време да размислите за ситуацијата и да одлучите по која патека да тргнете. Само на тој начин ќе се смирите.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Од што се плашат хороскопските знаци кога се во врска? Девица - Вие се плашите дека кога ќе го ставите срцето некому на дланка, тој/таа...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....
Една ваша навика поради која не сте продуктивни, според хороскопскиот знак Продуктивноста зависи од многу фактори, но во голем дел зависи и од карактерот н...
3 хороскопски знаци кои важат за најдобри родители Риби, вие се сомневате во вашите родителски способности. Но, токму овој сомнеж в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg