Никој не е доволно добар за нив, вљубени се само во себе – три хороскопски знаци кои се најголемите нарциси

Секој од 12-те знаци во зодијакот си има свои предности и недостатоци. Но, три од нив се издвојуваат како особено егоцентрични луѓе, кои се толку вљубени во себе што се дури заслепени.

Trite-najgolemi-narcisi-vo-Zodijakot-01.jpg

Дали сте еден од нив?

Вага

На големо изненадување, тука припаѓа „мирната, сталожена и балансирана“ Вага. Таа е зависна од пофалби, комплименти и секогаш бара специјален третман за себе.

Вистината е дека најчесто станува збор за површни луѓе кои само сакаат да се натпреваруваат со сите околу нив. Колку и да сте направиле нешто добро, Вагата ќе пронајде начин да ви даде до знаење дека тоа може или пак го направила многу подобро од вас.

Овен

Победници во сè, не може да поднесат пораз. За нив не важи правилото „битно е да се учествува“ туку „битно е да победам јас“. Се доживуваат како водачи, надарени, талентирани и најпаметни од сите.

Најчесто се однесуваат надмено, со прекор и агресија кон послабите од нив. Тие веруваат дека може да го покорат светот и се сурови.

Лав

Може да поминат часови пред огледалото, воодушевувајќи ѝ се на својата убавина. Лавовите знаат дека се привлечни и не се ни обидуваат да го скријат тоа. Имаат високо мислење за себеси, суетни се и склони кон драма.

Каде и да се појават, сакаат да бидат во центарот на вниманието. Несомнено најмногу се сакаат себеси, сите останати се на второ или трето место.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg