Како да направите мажот Стрелец лудо да се вљуби во вас?
Ова е нивното време од годината. Мажот Стрелец е личност родена помеѓу 22 ноември – 21 декември. Тој е многу друштвен, авантуристички настроен и допадлив тип.
Како да успеете мажот Стрелец да се вљуби во вас?
Ова, за жал, не е така лесно и едноставно како што веројатно мислите. Стрелецот е слободоумен, огнен знак во зодијакот. Мажите Стрелци се независни и живеат во нивен сопствен свет. Задржувањето на нивното внимание на многумина може да им изгледа како тешка задача.
Сепак, мажите Стрелци се исто така и многу страсни, а покажувањето на истата страст од ваша страна може да ги направи мажите Стрелци крајно опседнати со вас.
Важно е да запаметите дека Стрелците не сакаат некој да ги контролира или да се чувствуваат заробено. Наместо да трчате по нив, натерајте ги тие да ве „бркаат“ вас. Стрелецот е сепак ловец. Како да го освоите мажот во знакот на Стрелец?
Поканете го на заедничка авантура
Стрелците се луѓе со слободен дух. Нивниот елемент (оган) ги прави мошне енергични и тие слободно „течат“ низ животот. Мажите Стрелци обожаваат возбуда и сакаат да испробуваат нови работи.
Направете да биде дел од некоја возбудлива авантура каква што никогаш претходно не испробал и тој ќе се враќа секогаш за повеќе.
Бидете загадочни
Со Стрелецот управува планетата Јупитер што ги прави природно љубопитни и склони кон истражување. Мажите Стрелци обожаваат да бараат одговори и изгледа дека никогаш не остануваат без прашања.
За да ги освоите срцето и умот на мажот Стрелец, бидете малку загадочни и не ги покажувајте сите карти одеднаш. Оставајќи го да се прашува за вас, ќе го привлечете неговиот интерес и ќе го натерате да посака да ги дознае сите работи поврзани со вас.
Бидете паметни
Не се срамете да ја покажете својата интелигенција. Стрелците се филозофски и интелигентно настроени луѓе. Покажете дека можете да држите чекор со љубопитноста и желбата за знаење на мажот Стрелец.
Длабокото размислување ќе го импресионира и тој ќе сака да ги води тој тип на разговори со вас. Вашите верувања не мора нужно да се усогласуваат, важно е да му покажете дека умеете да размислувате со својата сопствена глава и имате свои ставови.
Споделете ја вашата креативна страна
Покажете дека сте повеќеслојни. Мажот Стрелец ја обожава комуникацијата преку уметноста.
Уметноста има многу нијанси, а понекогаш болката умее да ја претвори во убавина. Тоа е она што може да го заинтригира Стрелецот. Комплексноста на уметноста е нешто во што уживаат мажите Стрелци, а доколку сте уметнички настроен тип, ќе го имате во „рацете“.
Бидете приспособливи
Стрелецот е роден на крајот на годината, што значи дека е многу адаптибилен кон нови ситуации и околности. Овој тип на знак лесно ги прифаќа завршетоците затоа што тие за нив симболизираат нови почетоци. Мажите Стрелци го доживуваат адаптирањето како силна страна.
Премногу фиксиран или крут карактер ќе го олади мажот Стрелец. Тој сака да биде слободен и не сака да се чувствува задушен или заробен на каков било начин, во секој аспект од животот.
(О)Милена | Црнобело