Што сакаат хороскопските знаци за време на секс?
Сите луѓе имаат различни потреби и желби, а ова „правило“ важи и во сексот.
Некои сакаат брз, а некои бавен секс. Некои сакаат долга предигра, а некои едвај чекаат да почнат со чинот. Веројатно, сексуалните желби и фантазии зависат од карактерот на личноста, па според ова може да се одреди што сака секој хороскопски знак.
Па, погледнете што најмногу сакаат хороскопските знаци за време на секс:
Овен
Овните сакаат да бидат „главни“ во спалната соба. Секогаш се доминантни и сакаат нештата да се одвиваат како што замислиле тие.
Бик
Биковите сакаат да создадат емоционална поврзаност и гледањето во очи им е омиленото нешто. Тие сакаат да се чувствуваат како сексуалниот однос навистина да значи нешто
Баланци
Близнаците сакаат изненадувања, па непредвидливиот секс им причинува најголемо задоволство. Обично не сакаат да го прават истото нешто неколкупати по ред.
Рак
Раковите сакаат да се релаксирани и целосно да се опуштат за време на секс. Најчесто му дозволуваат на партнерот да ја води играта и тој да ги носи одлуките.
Лав
Лавовите сакаат да се чувствуваат секси и навистина им годи кога партнерот им дава комплименти за време на секс. Сакаат целото внимание да биде свртено кон нив.
Девица
Девиците сакаат бавен секс и секогаш уживаат во долгата предигра. Повеќе сакаат сексот да трае долго, отколку да брзаат.
Вага
Вагите навистина го сакаат „валканото“ зборување во кревет. Сакаат и кога партнерот е гласен и им кажува што му се допаѓа.
Скорпија
Скорпиите навистина уживаат во оралниот секс, без разлика дали го даваат или го добиваат. Истовремено, многу често поважно им е уживањето на партнерот.
Стрелец
Стрелците сакаат секси долна облека и играчки. Никогаш не дозволуваат сексот да стане монотон и секогаш имаат некоја нова игра.
Јарец
Во сексот, Јарците сакаат да добијат толку колку што и даваат. Еднаквоста им е најважна, дури и во сексот.
Водолија
Водолиите преферираат партнерот да го преземе водството. Тие само сакаат да се релаксираат и да уживаат во моментот.
Риби
Рибите се секогаш расположени за нови нешта и не се плашат да ги истражуваат нивните фантазии. Поради ова, потребен им е партнер со отворен ум.
Спирова С. | Црнобело