Бикот мрази луѓе што немаат трпение – Што ќе ви донесе лоша среќа кај секој од знаците?
Девицата не поднесува лаги. Доколку ја излажете, ќе се покаете. Таа ќе најде начин како да ви го загорчи животот, и покрај тоа што генерално не е одмаздољубива личност.
Всушност, со секој од знаците може да ве следи лоша среќа доколку им ја допрете слабата точка. Што ќе ви донесе лоша среќа кај секој од нив?
Овен – доколку им држите лутина. Овенот не сфаќа како може да се лутите со денови, дури со недели. На крајот ситуацијата ќе се сврти наопаку – сега тој ви е лут, затоа што вие сте му се налутиле први.
Бик – доколку немате трпение. Бикот си има свој начин на расудување и правење на нештата. Најмногу мрази кога некој го брза и му ја нарушува рутината. Особено доколку 10 пати го прашате едно по друго – дали е готов? Бидете сигурни дека намерно нема да ја заврши работата во следните 3 часа.
Близнаци – доколку ги игнорирате. Близнаците сакаат да се во центарот на вниманието, животот на секоја забава. Доколку ги игнорирате нивните случки, коментари или шеги, дефинитивно ќе ја допрете нивната слава точка. Ќе ве следат со намуртен и злобен поглед во текот на целата вечер.
Рак – доколку ги натерате да не им е гајле. Раковите се нежни и грижливи и навистина имаат висок праг на толеранција. Доколку ги доведете до точката на топење и ги кренат рацете од вас и си речат – навистина не ми е повеќе гајле, знајте дека сте ги изгубиле засекогаш.
Лав – доколку го навредите. Ова особено важи за во јавност. Големата суета на Лавот не дозволува навреди директно на негова сметка, особено пред блиски и важни луѓе. Лошата среќа е веќе на вашата страна, имате смртен непријател.
Девица – доколку ја излажете. Девиците имаат вграден детектор за лаги. Нема да ви дадат до знаење дека се свесни на кој начин ги лажете во моментот. Ќе молчат, пристојно ќе се смешкаат и на крајот ќе ви го заријат ножот во грбот.
Вага – доколку премногу негодувате. Народски кажано, Вагата мрази „хејтери“, „мрчатори“, „канкала“. Доколку сте постојано негативно расположени и мрзоволни, ќе ја изгубите Вагата од видикот. Таа нема време за злоба и песимизам.
Скорпија – доколку им криете некоја тајна. Скорпијата сака да е добро информирана, чекор пред сите и да ги држи конците во своите раце. Доколку криете некаква тајна од нив, чувствуваат дека ја губат контролата и дека не се во водство.
Стрелец – доколку им глумите. Стрелците не сакаат лажни луѓе. Особено доколку се преправате, им глумите нешто што не сте. Тие сакаат автентични, природни и неизнасилени луѓе и односи. Сè што припаѓа во категоријата „лажно“ за нив не е важно.
Јарец – доколку не ги цените нивните напори. Јарците се особено дарежливи за најблиските, но не во смисла на материјални подароци туку кога се работи за време, почит и внимание. Доколку не ги цените нивните напори од овој тип, дефинитивно сте им стапнале на плускавецот.
Водолија – доколку премногу им се прилепувате. Водолиите се луѓе што ја ценат слободата, независноста. Доколку премногу им се закачите и им дадете до знаење дека не можете без нив, ќе им се одмилите.
Риби – доколку не ја цените нивната жртва. Тие радо би се жртвувале за среќата на некој друг. Но, доколку не покажете благодарност за нивното жртвување, тогаш ве бришат од списокот на пријатели. Дефинитивно треба да им дадете до знаење дека ги цените.
(О)Милена | Црнобело