Во кои хороскопски знаци се родени најлошите колеги?
Додека некои колеги ве доживуваат како мало семејство и со вас споделуваат секакви ситници и приватни пикантерии, други се пикнати во ќошето и мудро молчат.
Ова се хороскопските знаци кои спаѓаат во втората категорија, односно ги избегнуваат колегите и не се врзуваат многу:
Овен
Овните се амбициозни и тешко отстапуваат од своите ставови и мислења, па поради тоа се претешки колеги. Нема шанса со нив да пронајдете заеднички јазик.
Близнаци
Близнаците сакаат да зборуваат многу, па тешко се воздржуваат од трачеви. Поради тоа, ретко се омилени помеѓу колегите, а познати се и по тоа што забиваат нож во грб за дел од секунда.
Лав
Лавовите се доминантни и сакаат да шефуваат, па честопати имаат проблем со колегите бидејќи не се однесуваат колегијално, туку надредено. Знаат да бидат надмени и ладни.
Девица
Девиците се перфекционисти и мора работите да бидат како што тие замислиле. На работното место се критични до солзи.
Јарец
Јарците се работливи, но колегите кои сакаат да си одморат честопати ги мразат. Сите задачи мора да се завршат пред рокот и тоа мора да биде совршено, па тоа им создава проблем со добриот однос со колегите.
М. Д. | Црнобело