Според астрологијата – кој е најубавиот знак во зодијакот?
Убавината е во очите на набљудувачот. Иако знаеме дека е минлива и станува збор за исклучително субјективна работа, сепак астрологијата тврди дека еден од знаците се издвојува од останатите 11 според убавината од секој аспект.
Станува збор за знакот БЛИЗНАЦИ.
Некои од најубавите жени, но и мажи во светски рамки, се родени во знакот на Близнаци: Мерилин Монро, Лорин Хил, Анџелина Џоли, Принц, Зои Салдана, Џуди Гарланд, Крис Еванс, како и апсолутната кралица на супер-моделите, Наоми Кемпбел.
Во што се состои магнетизмот на Близнаците?
Близнаците се родени да бидат ѕвезди. „Осудени“ се да бидат убави и успешни. Покрај тоа што имаат одлични физички атрибути, Близнаците блескаат со неодолив шарм и харизма.
Близнаците се најубавиот знак во зодијакот поради нивниот прекрасен ум
Водени од страна на Меркур, планетата на комуникацијата, Близнаците имаат способност лесно да воспостават контакт со речиси секој што ќе го запознаат во животот.
Нивната љубопитност и желба за знаење е неисцрпна, а тоа е затоа што не сакаат само да се информирани за себеси, туку да имаат соодветни, интересни теми за разговор со сите што ќе ги сретнат.
Близнаците може да зборуваат за одржување бавча со зеленчук и пак да звучи необично, интересно и фасцинантно.
Убави се затоа што имаат младешки дух
Близнаците се всушност вечни деца во срцата. Ова ги прави одлични пријатели и партнери за романтична врска. Сакаат изненадувања, сакаат авантури и никогаш нема да одбијат покана за забава!
Близнаците имаат слободен, младешки дух и нивната визија е секогаш насочена напред, кон иднината. Не се вртат кон минатото и она што веќе се случило и не може да го сменат. Нивната перспектива е многу повеќе од сегашниот миг, туку го опфаќа и она што следува потоа.
Близнаците се најубавиот знак поради нивната мудрост
Иако понекогаш може да ја изгубат контролата врз себеси, Близнаците се свесни дека секое ново, животно искуство им помага да созреат. Тие обожаваат да споделуваат приказни за своите (не)успеси, траумата и нивните емоции бидејќи знаат дека некој ќе се пронајде во нивните зборови и потребни му се да ги чуе.
Близнаците сакаат да ги мотивираат другите за да живеат поисполнет живот со повеќе длабоко значење. Близнаците се најубавиот знак затоа што се свесни за сопствената убавина. Знаат колку се прекрасни, а сепак никогаш не го злоупотребуваат тоа.
Убави се поради својата автентичност
Близнаците се свесни дека човекот е многу повеќе отколку надворешната, физичка убавина и се прилично уникатни и автентични како луѓе. за нив надворешната убавина не значи ништо без внатрешната.
Сакаат да ја анализираат секоја мисла што ја имаат, колку и да изгледа безначајна и да дознаат зошто токму тоа им се „мота“ низ главата во моментот.
Близнаците се најубавиот знак поради нивната љубопитна природа
Кога водите разговор во Близнаци, дали сте забележале колку брзо ги менуваат „брзините“? Во еден момент зборуваат за една работа, а веќе во следниот преоѓаат на сосема поинаква тема на разговор.
Близнаците ги интересира речиси сè, нивниот ум блеска и се возбудува кога е анимиран со најразлични теми и дискусии и во тој момент стануваат уште попривлечни во очите на набљудувачот.
Убави се затоа што се пријателски настроени
Она што ги прави Близнаците особено привлечни е фактот што лесно се спријателуваат и може да се поврзат брзо речиси со секој. Тие се свесни дека секој се соочува со сопствените демони, поминува низ тешка ситуација и од самиот почеток на разговорот се полни со разбирање и емпатија.
Но бидејќи самите веќе биле дел од многу заплеткани, конфликтни ситуации, знаат како да го посоветуваат соговорникот, да го утешат и мотивираат, а тоа ги прави особено среќни и убави – сознанието дека може некому да помогнат преку сопственото искуство.
Означете ги вашите најубави Близнаци во коментар.
(О)Милена | Црнобело