Кој е најголемиот страв во љубовта на секој хороскопски знак?
Кога сте во врска, без разлика колку долго, нормално е да имате безброј грижи и стравови.
Дали партнерот ги има истите чувства како вас, дали ќе ви биде верен, дали постои можност да ве повреди – ова се прашања што си ги поставуваат речиси сите.
Што најмногу ги мачи хороскопските знаци на тема љубов?
Овен
Страв ви е да се отворите пред партнерот бидејќи не сте сигурни дека засекогаш ќе остане со вас.
Бик
Постојано се споредувате со бившите на партнерот и се грижите дека не сте доволно добри колку нив.
Близнаци
Страв ви е дека на партнерот ќе му стане досадно со вас.
Рак
Страв ви е дека ќе бидете изиграни или предадени пред да сфатите дека нешто не е во ред.
Лав
Се грижите дека ако го покажете вашето вистинско лице, партнерот ќе ви суди.
Девица
Знаете дека сте затворена личност, но загрижени сте дека ова ќе ве оддалечи од партнерот.
Вага
Страв ви е дека ќе се вљубите и ќе се приврзете за погрешна личност.
Скорпија
Загрижени сте дека ќе ги испуштите сите убави моменти бидејќи ви недостасуваат храброст и самодоверба.
Стрелец
Страв ви е дека ѝ верувате на погрешната личност и дека на крај ќе останете со скршено срце.
Јарец
Загрижени сте дека ќе направите глупава грешка со која ќе ја уништите целата врска.
Водолија
Страв ви е дека ќе ѝ се посветите на погрешната личност додека сте уште многу млади.
Риби
Загрижени сте дека ќе потрошите многу години од вашиот живот посветувајќи ѝ се на погрешната личност.
Спирова С. | Црнобело