Овен – чекање ред, Девица – гласно зборување на телефон: Што најмногу ги нервира хороскопските знаци?
Секој човек има нешто што го вади од такт, а хороскопот открива што е тоа што најмногу го нервира секој знак.
Ако сакате да останете во добри односи со знаците, подобро научете што ги нервира.
Овен
Брзиот и импулсивен Овен го нервираат бавни и тромави луѓе кои не можат да преземат акција. Не поднесуваат мрзеливи луѓе и „забушанти“, па чувствуваат потреба да им помогнат и да ги активираат во нешто. Нетрпеливи се кога треба да чекаат ред пред институции или кога некој не им дава да дојдат до збор.
Бик
Биковите не сакаат кога некој ги избрзува. Бавни се и темелни во што и да прават, па не сакаат кога се со луѓе кои тоа не го поднесуваат. Не им се допаѓа кога некој им го крати задоволството за храна или им ги брои залчињата. Не ги сакаат ниту оние кои им наметнуваат начин на исхрана. Тие се хедонисти и сакаат да уживаат во животот, а не некој да им кажува што е правилно, што не.
Близнаци
Близнаците мразат досада, па што и да прават во животот е за да избегнат монотонија. Не сакаат рутина и ред, туку сакаат нешто постојано да се случува. Ги нервира кога луѓето очекуваат одговорност и сериозност од нив. Тие во душата се деца и не сакаат сериозни луѓе. Не трпат кога некој ги спушта на земја и нивните идеи ги прогласува за детски фантазии.
Рак
Нежните и чувствителни Ракови ги иритираат себични луѓе кои ги гледаат само своите интереси. Не можат да разберат како некој не мисли за туѓото добро. Им одат на нерви „галамџии“ и агресивни личности кои се служат со насилство. Не поднесуваат кога некој им приговара за чувствителноста, ниту за политички и верски ставови. Ги нервираат неморални луѓе кои не се држат до семејни вредности.
Лав
Широкоградиот Лав најмногу мрази себични и „стиснати“ луѓе. Тој е великодушен и подготвен да потроши пари за свое и туѓо задоволство, па не му е јасно како некој чува пари наместо да ужива во нив. Сака да биде во центар на внимание, па го нервираат луѓе кои му упаѓаат во збор и сакаат да го засенат.
Девица
Со оглед на тоа што важи за најпедантен знак во хороскопот, логично е на Девицата најмногу да ѝ пречи неред и нечистотија. Најголема казна ѝ е ако дели животен простор со некој кој е неуреден и неодговорен. Ја нервираат луѓе кои зборуваат гласно на мобилен пред сите, во автобус или кафуле, не сакаат позери, луѓе кои се фалат и кои не враќаат позајмици.