Љубовен хороскоп за април 2020-та: Скорпиите ќе ги реализираат заедничките цели, Стрелците ќе започнат нова врска
Што ве очекува овој април на поле љубов? Кој ќе се фокусира на заедничките цели, кој ќе се справува со конфликти, а кој го очекува нова љубов?
Дали периодов ќе ви годи изолацијата со партнерот или ќе ви треба повеќе простор?
Овен
Ако сте во врска
Овој месец ќе им се посветите на заедничките планови и цели со партнерот. Добро ќе се разбирате и ќе водите многу разговори за важни теми. Најмногу ќе се фокусирате на практичниот дел од врската, но ќе уживате и во интимните моменти. Во втората половина од месецот нема да има некои големи промени, но можно е да настанат мали проблеми при реализирањето на некоја заедничка цел.
Ако сте слободни
Уште на почетокот на април можно е да запознаете интересна личност. Она што ќе ве изненади е тоа што станува збор за личност од соседството, која не сте ја забележале досега. Ќе ве зближат истите интереси, како и желбата за сериозни разговори. Ако сè оди по план, до крајот на месецот можно е да се родат и нови чувства.
Бик
Ако сте во врска
Месецов ќе имате проблеми со самодовербата, а ова ќе резултира со напнатост во врската. Ќе имате различни идеи и мислења за заедничките планови, но и премногу ќе се фокусирате на работата. Сепак, во втората половина од месецот ќе ја подобрите комуникацијата и ќе барате решение за сите проблеми. На крај, ќе направи компромис за најважните работи.
Ако сте слободни
Вашата моќ за привлекување ќе биде навистина силна, па можни се неколку кратки авантури. Сепак, ништо од ова нема да ве направи задоволни. Можно е да запознаете интересна личност онлајн, но периодов ќе немате можност да се сретнете во живо. До крајот на месецот ќе одлучите што сакате да правите со оваа личност.
Близнаци
Ако сте во врска
Во првата декада од месецот ќе сакате да внесете нешто ново во врската. Периодов најдобро би било да се фокусирате на заедничкиот буџет и да инвестирате во нешто што ви е неопходно. Во втората половина од месецот атмосферата ќе биде тензична. Ќе ви биде тешко да најдете заедничко решение. И двајцата ќе ги кажувате вашите желби, но ќе немате трпение да ги исполните. За среќа, до крајот на месецот ситуацијата ќе се подобри.
Ако сте слободни
Можно е познанство со личност која многу ќе ви се допадне. Сепак, односот брзо ќе стане комплициран бидејќи и двајцата чувате многу тајни. Ќе уживате во интимните односи, но нема да најдете начин да се поврзете. Постарите Близнаци можно е да го обноват контактот со личност што ја познаваат и што им се допаѓа подолго време.
Рак
Ако сте во врска
Овој месец ќе имате многу време да бидете со партнерот и ќе уживате во заедничките моменти. Ќе се зголеми страста во врската, ќе се подобри комуникацијата и постојано ќе се забавувате. Во втората половина од месецот можно е да се појават проблеми поради финансиите. И двајцата ќе се фокусирате на личните цели, па можно е да ја запоставите врската.
Ако сте слободни
На почетокот од месецот ќе запознаете интересна личност со која ќе сакате и врска. Сепак, ќе сфатите дека потенцијалниот партнер не е заинтересиран за ништо сериозно. Можно е да продолжите да се гледате со оваа личност, но до крајот на месецот ќе се откажете бидејќи, сепак, имате различни очекувања.
Лав
Ако сте во врска
Април ќе ви донесе стабилност во односот со партнерот, а можно е да остварите и некоја заедничка цел. Ќе разговарате за најважните работи во врската и ќе се обидете да си ги исполните желбите и очекувањата. При крајот на месецот, и двајцата ќе се фокусирате на професионалните цели, а ова може да има лошо влијание. Ќе се јават несогласувања и ќе го заладите односот.
Ако сте слободни
Голема е веројатноста да се вљубите во постара личност. Привлечноста ќе биде обострана и ќе ви се чини како да сте ја нашле вашата сродна душа. Но, кон средината на месецот ќе почнат да се јавуваат несогласувања и ќе сфатите дека оваа личност е емотивно недостапна.
Девица
Ако сте во врска
Во првата декада од месецот можно е да се појават несогласувања со партнерот и проблеми во комуникацијата. Морате да разговарате за да разјасните сè и да ги избегнете конфликтите во иднина. Во втората половина од месецот ќе имате потреба од повеќе интимност, но ќе ви биде тешко да се усогласите. Сепак, кон крајот на април ќе најдете време еден за друг.
Ако сте слободни
Можно е да запознаете личност со добри примања, која ќе сака нешто посериозно. На почетокот ќе уживате во заедничките моменти, но набрзо ќе сфатите дека станува збор за материјалист. Ова нема да ви се допаѓа, па веројатно ќе ѝ ставите крај на романсата.