Како 12-те хороскопски знаци ја поднесуваат домашната изолација?
Вага
Ги чита сите вести за вирусот и прва ги објавува на социјалните мрежи. Споделува едукативни текстови на тема пандемија и хигиена. Ако ви треба било каков податок – јавете ѝ се на Вагата и очекувајте долга лекција.
Скорпија
Само што донесе одлука дека е време да излезе од дома после толку месеци, Скорпијата мора да се врати во својата комфор зона. Па, ќе продолжи со сериите од таму каде застанала. Ќе издржи и 3 месеци ако треба, со задоволство.
Стрелец
Стрелецот ги откажа сите свои патувања, бидејќи сепак здравјето му е поважно од авантурата. Ќе надокнади кога ситуацијата ќе се смири. Сега му останува само да седи на Инстаграм и да гледа убави вили, плажи и егзотични хоризонти.
Јарец
Не паничи, па затоа го користи секој ден максимално. Веќе има направено распоред на активности. Ако мислевте дека може да го добиете на телефон сега кога е дома, грешите, бидејќи и за тоа има соодветно време во распоредот.
Водолија
На никој не му треба толку изолација колку на Водолиите. Сепак, кога ќе им кажете дека нешто не смеат и им е забрането, тогаш желбата се појачува. За среќа, доволно се совесни, па само ќе ви досаѓаат да направите video call.
Риби
Чувствителните Риби најлесно ќе се прилагодат на ситуацијата, со оглед на тоа што сакаат мали, интимни дружби. Единствено тешко им паѓа што не можат да ги искажат емоциите во облик на прегратки кога и да посакаат.
М. Д. | Црнобело