Очекувања vs. реалност: Како всушност изгледа врската со секој хороскопски знак?
Вага
Очекувања: Ќе присуствувате на многу забави, а неретко ќе бидете и домаќини. Вагата ретко ќе донесува одлуки, но поради нејзиниот шарм, речиси никогаш нема да се лутите. Ќе очекува врската да биде како бајка.
Реалност: Вагата ќе сака да присуствувате на секакви настани, но ќе сака и време само со вас. Ќе ви ги покаже нејзините страсти и без страв ќе се бори за вас. Вашето мислење ќе ѝ значи многу, но ќе сака да знае дека може да се потпре на вас. Вагата ќе направи вашиот живот да биде како бајка.
Скорпија
Очекувања: Секс, флертување и длабоки разговори. Скорпијата ќе ви се налути ако виде дека разговарате со некој друг, но потоа ќе исчезне неколку денови. Ќе се обиде да го реши проблемот со уште секс.
Реалност: Иако на почетокот Скорпијата ќе изгледа прибрана, за кратко ќе сака да дознае сè за вас. Ќе ви ги покаже нејзините страсти и стравови и ќе му даде ново значење на зборот „страсно“. Можеби ќе биде тврдоглава и љубоморна, но само затоа што ве сака повеќе од сè на светот. Сексот, се разбира, ќе биде одличен.
Стрелец
Очекувања: Ретко ќе останете на едно место и постојано ќе патувате. Ќе бидете главни на забавите, па мора да се навикнете на тоа. Ќе ви биде тешко да го натерате Стрелецот да се отвори за нешто и иако врската ќе изгледа забавна, нема да ја сметате за сериозна.
Реалност: Стрелецот ќе ве смее и ќе ви го разубавува секој ден. Ќе сака да истражувате, но Стрелецот има моќ и најобичните денови да ги претвори во авантура. Штом ќе се почувствува удобно со вас, ќе ви ги открие неговите чувства. Ќе го сака вашето внимание, но и вашата почит. Но најдоброто од сè – ќе ви помогне да излезете од удобната зона.
Јарец
Очекувања: Јарецот ќе минува толку време на работа, што воопшто нема да се грижи за врската. Ќе заработува многу, но ќе се обидува да ја купи вашата љубов. Ретко ќе ги искажува неговите чувства и ќе ве почитува само ако сте вредни.
Реалност: Јарецот ќе остане покрај вас без разлика во каква ситуација сте. Бидејќи не сака залудно трошење на времето, Јарецот нема да биде со вас ако не ве цени. Ќе ви ја покаже и неговата забавна, но и неговата ранлива страна. Ќе се грижи за вас најдобро што може и секогаш ќе ве охрабрува.
Водолија
Очекувања: Ќе биде целосно оддалечена од вас неколку денови, а потоа ќе ве опсипе со внимание. Ќе зборува само за чудни работи, во спротивно ќе ѝ биде досадно. Постојано ќе зборува за нејзината независност и речиси никогаш нема да ја запознаете.
Реалност: На Водолијата ѝ треба слобода. Но, ќе ве тера и вие да си ја побарате вашата. Притоа, никогаш нема да ве остави или да си замине без збор. На почетокот ќе ви биде тешко да се поврзете, но со текот на време ќе ви каже што ѝ треба. Некогаш ќе ве нервира, но ќе ги почитува вашите граници.
Риби
Очекувања: Партнерот постојано ќе биде емотивен и чувствителен. Ќе ја идеализира врската и ќе ја заборави реалноста. Ќе ви пишува песни и поеми и ќе направи се за да бидете среќни.
Реалност: Рибите се грижливи и одлично ги познаваат нивните емоции. Внимателно ќе ве слушаат и ќе направат сè за да ви помогнат. Ќе сакаат да бидете дел од нивниот креативен свет, но ќе ве натераат да ја развиете и вашата креативност. Ниту за момент нема да се запрашате дали сте сакани.
Спирова С. | Црнобело