Мажите во овој знак се заводници, не многу опасни за женската психа и чудни – за кој станува збор?
Дали постојано гравитирате кон некоја машка личност во овој хороскопски знак поради необјасниви причини?
Дали можеби вашиот партнер кој е припадник на овој знак е причината за вашата збунетост и несигурност поради неговото чудно однесување, бидејќи едната минута е полн со страст, а веќе следната е целосно незаинтересиран?
Доколку одговоривте потврдно на прашањата станува збор за маж во знакот на Скорпија.
Ова се неговите карактеристики, како и неколку совети и предупредувања доколку сте во врска со маж во овој знак:
Позитивни особини:
- Лојален
- Многу фокусиран
- Страстен
- Енергичен
- Љубопитен и интересен
- Со натпреварувачки дух
- Емпатичен
Негативни особини:
- Емотивно дистанциран
- Опсесивен и љубоморен
- Таинствен и мистериозен
- Склон кон манипулации и суетен
- Претерано чувствителен
- Фокусиран најмногу на себеси
- Недостапен
Мажите во знакот на Скорпија знаат многу добро да раководат со парите и не се импулсивни типови кога станува збор за купување. Сепак, опседнати се со сопствениот изглед и имиџот.
Имаат одлична меморија и може да се сетат и на најситните детали кои сите ги заборавиле. Не се доверуваат лесно и се целосно независни. Не може да поднесат кога некој друг се грижи за нив. Но, затоа се подготвени тие да се грижат за некој друг.
Скорпиите се луѓе кои се најпогрешно сфатени од сите знаци во зодијакот. Во еден момент може да бидат многу внимателно насочени кон она што ви се случува, а веќе во другиот да делуваат незаинтересирано и отсутно.
Доколку си имате работа со маж Скорпија подгответе се за лудо возење. Тие ќе направат сè да се чувствувате дека сте во центарот на нивниот свет, но ќе ви ја покажат и мрачната страна која прави да се однесуваат малку лудо.
Она што исто така треба да го знаете е дека кога Скорпиите сакаат некого, тоа го прават искрено, со целото свое срце и се многу верни. Но, за да ја стекнете нивната љубов и доверба ќе ви треба време и тоа не претставува баш лесна задача.
Клучот за освојување на срцето на Скорпијата е трпение и разбирање. Поради чувствителната природа тие преферираат внимателна и добро промислена критика.
Кога се вљубени најголемата желба им е да го задоволат партнерот. Можеби за миг нивниот поглед ќе одлета кон некоја друга личност, но нивното срце останува само за личноста којашто ја сакаат.
(О)Милена | Црнобело