Зошто на сите ни треба пријател Стрелец?

Забавни авантуристи полни со енергија – Стрелците се одлични пријатели кои секогаш ќе ве ценат и ќе ви бидат лојални, затоа што не го земаат пријателството здраво за готово.

zosto-na-site-nas-ni-treba-prijatel-strelec+01.jpg

Знаат како да бидат насмеани и гордо да ја носат круната дури и кога животот ќе им удри шлаканица.

Знаат како да ви дадат утеха и да ви бидат прво рамо за плачење.

Знаат како да се смеат со вас, да се радуваат, да тагуваат и да ги „прегрнуваат“ сите можности што им стојат на патот.

Еве зошто на сите нас ни треба пријател Стрелец:

Лојални се

Дружељубиви, искрени и лојални. Стрелците го знаат значењето на вистинското пријателство и веруваат дека треба да се борат за него. Знаат како да го заштитуваат „грбот“ на нивните пријатели и секогаш се тука за нив кога и да им требаат.

Нив можете слободно да им се отворите и да им допуштите да допрат до вашите најмрачни тајни, затоа што тие се најлојалните пријатели што можат да постојат.

Оптимисти

Стрелците се сметаат за најголемите оптимисти во хороскопот. Секогаш знаат како да извлечат најдоброто од секоја ситуација и знаат дека животот е многу поубав кога на работите се гледа од позитивна страна.

Колку повеќе време поминувате со нив, толку повеќе ќе имате можност да ја осетите позитивната енергија која ја шират наоколу. Тие се оние пријатели кои секогаш ќе ве потсетуваат на вашите соништа и заедно со вас ќе сакаат да ги доживеат.

Не се наметливи

Никогаш не се наметливи и секогаш сакаат да слушнат и второ мислење. Веруваат во компромис и според нив пријателите треба да се сакаат независно.

По природа се зборливи, но секогаш знаат кога е вистинско време за да се премолчи и да се остави пријателот да зборува и да се искаже. Нивната група на пријатели најчесто е шаренило од интересни карактери.

zosto-na-site-nas-ni-treba-prijatel-strelec+02.jpg

Авантуристи

Ви треба пријател со кој ќе го пропатувате светот? Најдете си пријател во знакот на стрелец. Нивниот авантуристички дух ги прави да бидат одлични партнери за патување.

Обожуваат да пробуваат нови јадења и да истражуваат нови култури. Тие се слободни птици кои го живеат животот до максимум, искористувајќи ја секоја прилика што истиот им ја нуди.

Полни со енергија

Полни со енергија, со оптимистички пристап го прифаќаат секој предизвик што животот им го наметнува. Никогаш не се жалат за ништо, затоа што се благодарни за сѐ што имаат и знаат како да ги ценат работите. Речиси суперлуѓе.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...
Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот? Близнаци - не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да би...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg