Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


На што треба да се фокусирате во останатиот дел од 2019, според хороскопскиот знак?

Додека да трепнеме помина половина од 2019 година. До каде сте со остварувањето на вашите планови и зацртаните цели? Дали можеби ја насочувате енергијата кон погрешните нешта?

Na-sto-treba-da-se-fokusirate-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

На што треба да го насочите вниманието во останатите 6 месеци од 2019 година според вашиот хороскопски знак?

ОВЕН

Пуштете ги дел од работите и личностите за кои грчевито се држите и не сакате да ги изгубите по секоја цена. Ова е моментот кога треба да триумфирате, а некои работи едноставно ве држат назад.

Исполнете го остатокот од годината со смеа и среќа. Фокусирајте се на работите кои ги сакате лично вие и ќе видите колку лесно се остваруваат нештата. Манифестирајте и визуализирајте среќа и – имајте верба.

БИК

Не ги форсирајте работите. Знаете да бидете прилично упорно и тврдоглави кога се работи за остварување на целта. Но, не ги манипулирајте луѓето за овие цели, бидејќи во спротивно ќе ги изгубите.

Вежбајте го трпението, одговорите ќе дојдат полесно отколку што замислувате. Важно е да сфатите дека не мора да газите по другите луѓе со цел да бидете успешни.

БЛИЗНАЦИ

Можеби мислите дека не сте вистинската личност за ова, но медитацијата кај вас ќе направи чуда. Во останатиот дел од годината насочете го вниманието кон освојување нови простори, односно патувања.

Ова е годината кога ќе научите да си верувате себеси и ќе откриете за што точно сте способни.

РАК

Во преостанатиот дел од годината ќе се фокусирате на формирање посилни бизнис партнерства со цел да напредувате во работата. За вас, 2019 е годината кога ви претстои унапредување, година во која ќе се збогатите.

Затоа, поврзувајте се со луѓето што е можно повеќе и инспирирајте ги со својата искрена, чувствителна природа, бидејќи на тој начин полесно ќе ги придобиете и ќе ви помогнат на крајот.

ЛАВ

Ова е годината на Лавот, сите ќе сакаат да го слушнат вашето силно рикање. Самодовербата ви е на највисоко можно ниво и подготвени сте да го освоите светот.

Прифатете дека ова е вистинското време да заблескате и уживајте во вашите 5 минути. Сепак, вашите зборови ќе имаат силно влијание и последици, па размислувајте пред нешто да кажете.

ДЕВИЦА

Останатиот дел од 2019 година ќе биде исполнет со премногу работа за вас, но среќа што вие сте многу вредни. Ова се месеците кога на сите треба да им покажете колку всушност сте способни и посветени.

Минатата година имавте чувство дека некој или нешто постојано ве враќаше назад. Сепак, тоа беше обичен тест, очекувајте посилна и похрабра верзија од себеси во следните 6 месеци.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Една лага која треба да престанете да си ја кажувате, според хороскопскиот знак Водолија: „Премногу сум различен/а за да се вклопам каде било“. Водолија: „Пр...
Една застрашувачка особина на секој хороскопски знак, која му штети најмногу Риби, вие сте главно позитивна личност, но штом ќе ве обземат „црните“ мисли, ст...
Кое небесно тело владее со вашиот хороскопски знак и какви тајни открива за вас? Близнаци, вашиот владетел е Меркур – планетата на комуникацијата, интелектот и р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg