4 астро-парови кои се најдобар доказ дека спротивностите се привлекуваат
Многу пати сме слушнале дека спротивностите се привлекуваат. Но, дали врските може да опстојат со толку спротивни карактери?
Според астрологијата ова е сосема можно. 4 астро-парови се дефиниција за одлични, иако партнерите се чиста спротивност… дали сте дел од нив?
РИБИ И ДЕВИЦА
Рибите се емоционални и прилично отворени во врска со чувствата. Девицата преферира да постави штит пред себе и да создаде компактна слика пред другите.
Рибите имаат способност да ги научат Девиците како да ги споделуваат чувствата без да ги потиснуваат во себе. Тие воедно придонесуваат за подобра емоционална стабилност кај Девиците, бидејќи се знак кој најдобро умее да сослуша некого.
Девиците секогаш имаат многу идеи и следат зацртани планови и цели. Рибите се познати по својата неодлучност, неорганизираноста и се движат без некој специјален план во животот.
Девиците всушност ги учат Рибите како може да си ги остварат соништата; ги поттикнуваат како да го зграбат она што го сакаат и да постигнат успех во кариерата, без да се заплеткаат во листата на позитивните и негативните страни на нештата.
Овој стратешки земјен знак и резервираниот воден знак прават одлична двојка, комбинирајќи ја нивната сила во поглед на емоционалната интелигенција и кроењето на планови за иднината, и во добро и во зло.
ОВЕН И ВАГА
Вагата балансира и го одржува редот и мирот. Овенот преферира сè да каже некому директно во лице.
Кај овој моќен пар, Вагата има способност да го научи Овенот да мисли пред да зборува, бидејќи кога јазикот е побрз од умот работите не излегуваат на добро.
Од друга страна, Вагата се воодушевува на бестрашниот начин на живот и дејствување на Овенот. Горда е на амбициозноста и храброста која ја поседува овој огнен знак и потрагата по најдоброто.
Вагата никогаш нема да се откаже од потрагата по правдина. Затоа Овенот смета дека неговиот идеален партнер е токму Вагата, бидејќи двајцата никогаш нема да се откажат од борбата за тоа што е праведно.
Тој воедно ја подучува Вагата како да си ги постави приоритетите, особено кога станува збор за важни животни одлуки.
Овој моќен тим ја комбинира својата заедничка сила за правдина и внатрешната храброст и двајцата се прекрасни родители.
ЈАРЕЦ И РАК
Ова е двојка која е неверојатно вредна и трудољубива. Јарците се познати како неуморни работници, а Ракот како знак кој во работата ја вклучува емоционалната интелигенција на која се потпира.
Овој астро пар е продуктивен, а водениот знак, т.е. Ракот му остава на Јарецот да ја преземе иницијативата, односно водството на нештата.
Ова е всушност парот со најголеми спротивности, но си одговараат совршено. Двајцата ја ценат работната етика, практичноста и едноставните нешта во животот.
Ракот е најдобриот одговор на скриените емоции на Јарецот. Ќе му помогне да го скрши својот заштитен оклоп и да има малку повеќе доверба во светот.
Ракот, исто така, смета дека Јарецот е одличен заштитник, некој кој умее да мотивира и да дава поддршка и секогаш ти го чува грбот.
Јарецот, пак, се воодушевува на емоционалната отвореност на ракот и начинот на кој тие умеат да создадат здрава и безбедна, заштитена средина во која може да го откриете сите свои најмрачни тајни и стравови.
БИК И СКОРПИЈА
Најинтензивниот астро пар во Зодијакот. Овие два знака имаат способност да ве научат на љубов која ги преминува сите граници.
Познати по своите силни енергии, двајцата се водат по правилото „сè или ништо“. Не се откажуваат, тврдоглави се и тешко можете да ги „скршите“.
Бикот е познат по својот неверојатен фокус кога станува збор за работата. Тој, исто така, не преферира огромно друштво на пријатели. Кругот на луѓе од доверба му е прилично ограничен.
Скорпијата не заостанува премногу во однос на овие прашања. И за неа важи правилото „еден, ама вреден пријател“.
Таа се воодушевува на концептот на моќ. И Скорпијата и Бикот не се плашат да ги изразат своите чувства.
Овој (при)земјен знак во комбинација со моќната водна Скорпија прават неверојатен тим. Како и Јарецот и Ракот и овие двајца имаат одлична работна етика и најчесто имаат успешни кариери.
Од сите 4 астро парови кои ги набројавме, Бикот и Скорпијата најмногу си ја ценат приватноста. Имаат прилично зафатен живот, па кога доаѓа времето за одмор сакаат да се исклучат од светот. Подобро се поврзуваат еден со друг кога се сами, отколку во друштво.
Бикот тогаш создава атмосфера која е безбедна со цел Скорпијата да го каже на глас тоа што најмногу ја мачи. Најчесто тоа се емоциите кои не ги споделува со никого, бидејќи се срами или плаши од нив.
Сè на сè, овој астро пар е моќен и одлична комбинација. Двајцата работат посветено и вредно, ориентирани се кон кариерата, но и семејството и љубат до невозможни граници.
(О)Милена | Црнобело