Одлучуваат дали ве сакаат или мразат во првата минута од запознавањето - зошто ги сакаме Водолиите?
Времето на Водолијата е во полн ек. Периодот започна на 21 јануари, а ќе заврши на 18 февруари. 11 знак во зодијакот се одликува со умереност, независност и е вљубен во слободата.
Зошто ги сакаме Водолиите?
Ќе ги импресионирате само доколку ги насмеете и ги натерате да размислуваат.
Бргу им здосадуваат работите, секогаш им е потребно нешто ново, уникатно и надвор од шаблонот, со цел да им биде забавно.
Уште во првата минута од запознавањето решаваат дали ве сакаат или не. Ретко го менуваат мислењето, доколку решиле дека не им се допаѓате.
Доколку сакате некој да ви го каже она што сакате да го слушнете, тогаш не прашувајте ја Водолијата за мислење.
Кога Водолијата е вљубена во состојба е да истрпи многу работи, но доколку ја прејдете границата нема да ги видите никогаш повеќе.
Секогаш се во улогата на набљудувачи и ги анализираат луѓето и нештата околу нив.
Водолијата нема да се потруди да се вклопи во друштвото кое не ѝ се допаѓа.
Кога ја имате за вистински пријател, никогаш нема да ве осудува.
Колку повеќе се обидувате да ја задржите покрај себе, толку повеќе Водолијата ќе ви се лизга низ прстите како капка вода.
Може да избувнат во најнеочекуваниот момент и имаат две стратегии: премногу гласни со навреди и псовки или да демонстрираат застрашувачка тишина.
Мразат кога некој ги брза и сакаат да ги прават работите според сопственото темпо.
Водолијата може да остане будна цела ноќ размислувајќи за нешто.
Апсолутно обожаваат пријатни изненадувања.
Не може да го скријат сопственото мислење, дури и по цена да бидат вплеткани во неволја.
Кога Водолијата е вљубена таа е екстремно верна.
Имаат многу познаници, но само неколку блиски пријатели кои се бројат на прсти.
Се одликуваат со силна волја и нема да отстапат од соништата додека не си ги остварат.
Нивниот активен и сложен ум е најголемиот подарок и клетва истовремено.
Умеат да бидат прилично кенкави кога нештата не се одвиваат онака како што тие си замислиле.
Обожаваат да испробуваат нови работи и се во постојана потрага по промена.
Доверливи се и одлично умеат да чуваат тајни.
Водолиите се интересни и атрактивни луѓе. Речиси и да не постои ништо здодевно кај нив.
(О)Милена | Црнобело