Која е совршената раса на куче за вас, според хороскопскиот знак?
Близанаците се прилагодливи, љубезни и љубопитни. Освен тоа, тие се и натпросечно активни и потребно им е слично куче. Затоа, хаската е идеален избор. Која раса на куче е совршена за другите хороскопски знаци?
Дали сонувате за верен четвороножен пријател? Aко мислите дека ќе имате доволно време и енергија да му се посветите, само напред. Затоа што кучето е идеален пријател, но и голема обврска.
Меѓутоа, при избирањето куче немојте да размислувате само околу изгледот. Кучето мора да одговара на вашиот начин на живот – исто како што и вие морате да му одговарате на вашето куче.
Која раса на куче е совршениот избор за вас, според хороскопскиот знак?
Овен
Овните се родени лидери, оптимистични се и храбри, па доберманот е идеален избор за нив.
Кој може да го води ова куче, ќе има внимателен и импозантен пријател на своја страна.
Бик
Биковите се лојални, љубезни, одговорни и сакаат стабилност. Тибетскиот териер е најдобриот избор, затоа што оваа раса сака друштво и слепо го прати својот сопственик.
Верни и послушни кучиња, а воедно се разиграни и питоми, но и лојални.
Близнаци
Близанаците се прилагодливи, љубезни и љубопитни. Освен тоа, тие се и натпросечно активни и затоа им е потребно слично куче.
Затоа, хаската е идеален избор. Неколку часа дневно трчање и душевна дружба кај овие кучиња е обврска.
Рак
Раковите се чувствителни и често ги следат своите емоции. Тие се сочувствуваат со другите и ги разбираат.
За нив идеален избор е питбулот. Иако овие кучиња ги прати лош глас, сепак се вистински лидери и важат за многу лојални кучиња.
Лав
Лавовите важат за забавни и способни. Совршено куче за нив е мопс.
Оваа раса е многу флексибилна и сака да го усреќи сопственикот.
Девица
Девиците се прави мајстори на планирањето. Со задоволство работат и многу се организирани. Нив им одговара куче кое не го нарушува нивниот ред и се прилагодува на секојдневието.
Англиски булдог е идеален за нив. Понекогаш е темпераментен, но нема ништо против да помине и едно мрзливо попладне.