Девиците не сакаат да експериментираат, Скорпиите се совршени љубовници - Хороскопот открива каков е секој од знаците во кревет

Вага

Исто како и во секојдневниот живот, Вагата не треба да се труди да биде во центарот на вниманието. Тоа им доаѓа сосема природно и одлично умеат да комуницираат со другите и да ги дознаат нивните валкани тајни и фантазии.

Сепак, во креветот не сакаат да експериментираат и се држат само до работите кои ним им се привлечни.

Скорпија

Ќе добиете сè што ќе посакате од една Скорпија во креветот, сè додека им дозволите тие да бидат главни. Доколку се обидете да доминирате над нив, нема да го добиете посакуваниот ефект.

Некои Скорпии не може да го контролираат големото его во спалната соба, па тоа понекогаш може да предизвика и контра-ефект. Сепак, доколку успеат да го исконтролираат, Скорпиите се совршените љубовници.

Стрелец

Бидете сигурни дека кога се работи за Стрелците нема да кажат НЕ ниту на најперверзната идеја која ќе им ја предложите. Во креветот сакаат да експериментираат многу, но истото го очекуваат и од партнерот.

Бидете подготвени за див и несекојдневен секс кој долго ќе го паметите.

Јарец

Овој знак умее да биде мошне сложен во креветот. Тие прифаќаат да испробаат нешто ново кое се однесува на сексот, но немојте да се изненадите доколку подоцна слушнете како се фалат меѓу пријателите.

Бидејќи се мошне натпреварувачки настроени, доколку зборувате за сексуалните лудории од минатото, тие ќе направат сè само за да бидат подобри од вашите претходни партнери.

Водолија

Како партнери се нежни и внимателни и ќе направат сè што е потребно да го усреќат другиот. Сепак, во креветот Водолиите се малку резервирани и конзервативни.

Но, ќе ги почитуваат желбите на партнерот и подготвени се за компромис во името на добриот секс, потсетувајќи ве дека и вие понекогаш треба да им возвратите на „услугата“.

Риби

Рибите умеат да ја пренесат креативноста од секојдневниот живот директно во постелата. Тие се сензуални љубовници и одлично умеат да се бакнуваат, но најбитно им е емоционално да се поврзат со партнерот.

Далеку се од здодевни, во секој чин колку и да е конвенционален тие ќе внесат сопствена „состојка“ правејќи го мигот незаборавен.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg