Астро парови во чии врски најчесто се случува прељуба
Не сте сигурни дали партнерот ви е лојален? Ѕвездите точно знаат. Постојат неколку тандеми, на кои запишано им е трета личност да се вмеша во односот, поради монотонија, или, пак, несогласувања на двојката.
Овие хороскопски знаци не се нужно прељубници самите по себе. Меѓутоа, кога ќе се спојат и отпочнат романтичен однос заедно, тогаш претставуваат комбинација каде има големи шанси да дојде до неверство. Тие се ѕвездени двојки на кои љубовта им е исполнета со тензии и неизвесност.
Ова се астро паровите во чии врски најчесто се случува прељуба:
Двајцата магнетски се привлекуваат еден со друг. И на прв поглед делуваат како навистина совршен пар. Меѓутоа, огнените Овни не се ни приближно верни како лојалните Бикови. Ним љубовта постојано ќе им биде во искушение.
Тие поминуваат доста време заедно. И убаво им е кога е така. Обајцата поседуваат мноштво слични особини. Проблеми во рајот настануваат кога Близнаците ќе се почувствуваат ограничени од Вагите. Набрзо во нивната врска ќе дојде до напнатост, а подоцна и неверство.
Раковите уживаат во додворувањето на Јарците. Јарците, пак, се вљубуваат до уши во чувствителноста на Раковите. Иако на почетокот звучи како идеална комбинација, на еден од знаците мошне брзо ќе му стане монотоно. И тоа – на емотивниот Рак. Па, бегство од досадата ќе побара во туѓи прегратки.
Обајцата се огнени знаци, така што првично фрчат искри меѓу нив. Заљубени се и се опсипуваат со нежности. Ама – не за долго. Лавовите се постојано гладни внимание, додека Стрелците не можат да им го пружат тоа задоволство. Не вложуваат доволно енергија во врската, а по некое време, тие веќе и не се сфаќаат сериозно.
Ниту едниот, а ни другиот хороскопски знак не води претерана грижа за взаемните чувства. Оттука, нема да им падне тешко меѓусебно да се изневеруваат. Скорпиите и Рибите може да бидат во некаква привидна врска, кадешто прељубите се честа појава.
Водолиите веднаш ги привлекува невиното зрачење на Девиците. Но, уште побрзо чувствуваат потреба да посегнат по забранетото овошје. Девиците, пак, не може да се справат со спонтаноста на Водолиите, поради што неретко доаѓа до караници и конфликти.
М. А. | Црнобело