Еден хороскопски знак со кој никогаш не знаете на што сте
Еден знак од хороскопот го „красат“ карактеристики како депресивност, мистериозност, љубомора, одмаздољубивост, желба за моќ...
Покрај овие негативни карактеристики, се разбира дека постојат и позитивни, кои помагаат да се одржи балансот и да бидат прифатливи за луѓето околу себе.
Некои веќе претпоставуваат, а за оние кои уште не знаат за кого зборуваме - се работи за Скорпиите.
За нив, дури и кога мислите дека знаете сè, всушност не знаете ништо. Своите карактеристики ги користат во правец на тоа да бидат забавни, успешни, љубезни и импулсивни. Но, од друга страна, во човечките односи тие се прилично љубоморни, одмаздољубиви и склони кон уништување.
Тие вешто ги кријат своите мисли, а кога имаат излив на бес од нив излегува сè што дотогаш чувале во себе. Сепак, не сакаат да се истакнуваат и подобро им е ако знаат дека ја контролитаат ситуацијата.
Какви се во љубовта?
Најчесто, точно знаат што сакаат и се трудат да го добијат тоа по секоја цена. Тие често им оставаат силен впечаток на своите партнери и поради тоа тешко ги забораваат. Но, за едно треба да бидат свесни - Скорпиите најтешко простуваат.
Кога страдаат, тоа нема да им го покажат на другите, а една од позитивните страни на нивниот карактер е што раскинувањата ги преболуваат прилично лесно и за кратко успеваат да најдат нов партнер.
Е. Д. | Црнобело