Овенот покажува среден прст, Близнаците делат лажни комплименти - Како реагираат знаците кога ќе видат некој што го мразат?
Сите различно реагираме кон нашите непријатели. Додека некои отворено го искажуваат нетрпението и непријателството, други пак вешто глумат срдечност. Трети пак, и покрај тоа што мразат некого, решаваат да го почестат кафе.
Астрологијата е навистина интересна, а овој пат открива како реагирате кога ќе дојдете во контакт со некој што го мразите:
Овен – покажува среден прст!
Не може да го контролира гневот и антипатијата кон лицето кое му оди на нерви, па безобразниот гест не го прави суптилно или кришум, туку отворено, мавтајќи со средниот прст пред неговото лице.
Бик – се преправа дека зборува на телефон
Пцуе во себе што налетал токму на личноста која ја мрази од дното а душата, но останува ладнокрвен и смирен. Го извлекува телефонот од џебот, брзо го става на silent и се преправа дека води многу важен телефонски разговор.
Близнаци – дели лажни комплименти и насмевки
„Душо, изгледаш топ! Си ослабела малку, а? (најдебела си откако те знам!) „Мора да се видиме што поскоро и да пиеме кафе… (никогаш нема да ти се јавам прва, ниту да ти кренам на телефон, ти безобразна ку*ко).
Рак – мавта со раката во знак на поздрав
Делува ангелски и со широка искрена насмевка на лицето мавта во знак на поздрав. „Не е негова вина што не го поднесувам“, си помислува во себе и го продолжува денот со насмевка.
Лав – мести извештачена насмевка
„Од кога не сме се виделе, извини, ама брзам“. Се оддалечува со олеснување и си ветува дека следниот пат ќе ги повежба насмевките за ваквите ситуации дома пред огледалото.
Девица – ги одминува со брзање
Кога ќе здогледаат некого што не го поднесуваат, Девиците ја наведнуваат главата во обид да се претопат со земјата и со неверојатна брзина поминуваат покрај нив. Најголемата казна за тие што ги мразат е индиферентноста на Девицата.