Овенот покажува среден прст, Близнаците делат лажни комплименти - Како реагираат знаците кога ќе видат некој што го мразат?
Вага – мисли дека не ја забележале
„Не паничи, сигурно не те ни видоа. Само смешкај си се и однесувај се ноншалантно… ете, никој не те забележа… чекај, зошто НИКОЈ не ме забележува?“ Денот и завршува тажно, зошто непријателот кој не сакаше да ја види, навистина не ја забележа?
Скорпија – се преправа дека не памети кој е
Доколку налета на некој што го мрази од дното на душата, Скорпијата останува смирена и ги игнорира. Доколку решат да ѝ се обратат, таа со неверојатна, прецизно извежбана глума им дава до знаење дека не знае кои се, или не памети како и кога се запознале.
Стрелец – застанува да се напие кафе со нив
„Колку го мразам значи овој идиот! Еј, здраво, како е? Да не имаш време за едно кафе? Одлично, да пробаме и од овие новиве крофни?“ Десетминутното кафе се претвора во седенка од час и половина и на крајот Стрелецот инсистира да ја плати сметката.
Јарец – замислува како им удира бокс во лицето
Во себе си размислува како ете, има нешто во нивното лице (кое патем има добри црти, ама лошо распоредени) што го нервира и колку би било добро да му удри еден јак бокс или една цигла… или пак случајно да им падне саксија на главата… или секира…
Водолија – учтиво замолува да не ѝ зборуваат
„Те молам, значи чувствувам дека и ти го мислиш истото. Не си одговараме со енергиите и те молам да не ми зборуваш повеќе. Преправај се дека не постојам, и јас ќе го сторам истото“.
Риби – се преправа дека не слуша никого
„Молам? Што? Извини, премногу е гласно, ништо не те слушам“… ова се изговорите на Рибите кои се однесуваат на некого кого го мразат, а се обидува да им зборува во моментот. Иако владее мртва тишина околу нив, Рибите се упорни и истрајни, ќе се преправаат дека не ги регистрираат до крајот.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





