На Овенот купете му боксерска вреќа, со Стрелецот гледајте глупава комедија - Како да го утешите секој од знаците кога е тажен?
Понекогаш сè што ни е потребно во животот е да знаеме дека некој е тука за нас кога и да ни биде потребно рамо за плачење и зрно утеха.
Кога секој од хороскопските знаци е во лошо расположение, постојат различни начини како може да ја ублажите оваа ситуација и да им помогнете да го пребродат лошиот период.
Како сака да биде утешен секој знак од Зодијакот?
ОВЕН
Наместо да зборува за проблемите, Овенот преферира да го излее бесот од себе со помош на некоја физичка активност. Предложете им прошетка, искачете се на планина, вежбајте или трчајте со нив, па дури и јогата може да биде од голема помош.
Сепак, најдобро е да им купите една боксерска вреќа и ракавици за сите моменти кога Овенот сака да се „издува“ од бесот и нервозата. Овенот сака кога се фокусира на своето тело, наместо на проблемите во умот. Ова е одличен начин да се утеши кога е бесен или тажен, сеедно.
БИК
Најдобро ќе го утешите Бикот доколку му дадете до знаење дека сте тука за нив во секој момент и дека навистина се грижите. Потребно е да им го дадете вашето неподелено внимание и не се обидувајте да маневрирате со разговорот и да го вртите кон вас. Едноставно сконцентрирајте се кон нив и тие ќе ви бидат вечно благодарни.
Биковите, исто така, многу добро реагираат на допири, па прегратка, допирање на рамото или дланката ќе им помогне да се опуштат и да бидат поотворени во разговорот околку проблемите кои ги мачат.
БЛИЗНАЦИ
Дозволете им само да си ги искажат слободно чувствата на Близнаците, без разлика дали сакаат да викаат гласно или да пишуваат во својот дневник на хартија. Доколку ги задржуваат емоциите во себе, многу веројатно е дека ќе експлодираат во најлошиот можен момент.
Близнаците умеат одлично да комуницираат, но кога се премногу тажни вообичаено не знаат да пронајдат добар начин како да ги искажат сложените чувства. Прашувајте ги што ги мачи, но полека, без брзање. На тој начин ќе си ја отворат душата многу полесно и побрзо.
РАК
Раковите се еден од оние знаци кои ги доживуваат чувствата мошне интензивно, па доколку сакате да ги утешите, ќе мора да бидете нивен навивач. Истакнете го позитивното во ситуацијата (доколку постои таков аспект) и укажете им дека нештата ќе се подобрат со текот на времето.
Со самото тоа што ќе му го понудите своето рамо за плачење на Ракот помага прилично многу. Тие сакаат да знаат дека се сакани, некој се грижи за нив, а кога ќе дојде времето ќе возвратат двојно повеќе.
ЛАВ
Лавовите се силни и храбри и навистина им е тешко да го спуштат гардот и да ја покажат својата нежна, ранлива страна. Дадете им до знаење дека се безбедни да зборуваат за своите чувства со вас, и без оглед на сè нема да имате пониско мислење за нив, нема да ги осудувате, само затоа што на крајот од денот – и тие се луѓе.
Покрај зборови, Лавовите сакаат и дела, па со помош на охрабрете ги дека набрзо ќе се исправат на своите нозе и ќе излезат многу помоќни од лошата ситуација. Тоа ги смирува и им дава уште поголема самодоверба.
ДЕВИЦА
Имаат навика детално да ги анализираат и процесираат своите чувства во себе, пред да се одлучат да ги споделат со некој друг.
Вие ќе треба да им дадете поддршка откако тие ќе се одлучат дека им е потребна. Доколку сакаат да бидат сами, дадете им до знаење дека ќе бидете во другата соба или некаде блиску, па во случај да се премислат вие сте тука да ги ислушате.
Девиците се навикнати да ги поправаат работите за другите, па токму затоа им паѓа тешко да прифатат нечија туѓа помош. Затоа, првично може да ве одбијат.
Но, премногу се паметни за да не ја забележат туѓата грижа и помош, па после одредено време ќе си „легнат на брашното“ и ќе дозволат да им помогнете.