На Овенот купете му боксерска вреќа, со Стрелецот гледајте глупава комедија - Како да го утешите секој од знаците кога е тажен?
ВАГА
Ова можеби ќе ви звучи чудно и необично, но кога Вагите се тажни или вознемирени, најдоброто што можете да го направите за нив е да им го свртите вниманието кон нешто друго. Доколку ги оставите да размислуваат премногу долго, уште толку ќе се вовлечат во својот свет, станувајќи уште подепресивни.
Однесете ги во кино или излезете на кафе. Отидете на некоја забава или нечиј роденден. Одберете каква и да било занимација, сè додека не седите сами во тишина и нештата полека ќе се средат.
СКОРПИЈА
Кажете им на Скорпиите дека ги разбирате и сочувствувате со нив, а потоа оставете ги на мир. Доколку ве замолат да останете покрај нив тоа е во ред, но не претпоставувајте дека сакаат друштво.
Скорпиите генерално сакаат сами да ги процесираат чувствата и да ги решат проблемите со сопствено темпо. Не сакате да го насочат својот гнев и без кон вас, па затоа оддалечете се, дадете им доволно простор и оставете ги да се „оладат“.
СТРЕЛЕЦ
Познати по фактот што не се оптоваруваат премногу со своите чувства и воедно знаат одлично да се справат со нив, само прашајте ги како можете да им помогнете и да ги утешите. Тие можеби само сакаат друштво да изгледаат некоја глупава комедија со вас или пак да имаат длабок, филозофски разговор.
Сè додека знаат дека се грижите и дека сте тука за нив, тие се во ред. Стрелците можеби не се справуваат со емоциите онака како што вие сте навикнати, но тоа е во ред, тоа е нивниот начин, не вашиот.
ЈАРЕЦ
Јарците сакаат да ве убедат дека сè е во ред и дека умеат да се справат со емоциите без ничија помош. Преправајте се дека е така, но суптилно дадете им до знаење дека сте тука за нив кога и да посакаат да се отворат во врска со своите проблеми.
Не брзајте ги и не форсирајте ги, дозволете им да се искажат во свое време.
Јарците се силни и навикнати се да се соочуваат со секој проблем сами, па затоа им е премногу тешко да прифатат нечија туѓа помош.
ВОДОЛИЈА
Водолиите најчесто ги доживуваат тажните емоции како нешто срамно, па најчесто не им е пријатно да ги споделуваат со светот. Најдобро е да им дадете малку простор и да им дозволите да ги процесираат своите чувства сами со себе, на свој начин.
Доколку ги изнесете надвор во природа тоа ќе им помогне да се чувствуваат подобро. Исто така, сакаат да пешачат низ шума и да пливаат. Добра идеја е да одите на риболов со Водолија, можеби нема да фатите ниту една риба, но самиот мир и тишина ќе претставуваат чин на исцелување од болката.
РИБИ
Доколку се вознемирени, на Рибите ќе им биде потребна огромна доза на тешење, но можеби нема да ја посакаат веднаш.
Бидете чувствителни во врска со нивните потреби. Доколку покажат дека им е потребно време да размислат, да се одморат или на цртаат нешто за да се опуштат, дозволете им го тоа.
Охрабрете ги да ги искажат своите емоции на еден креативен начин и дека сте тука кога и да имаат потреба од вас.
Не правете да се чувствуваат чудно, само затоа што имаат длабоки емоции. Дадете им до знаење дека токму длабочината на нивните емоции ги прави уникатни и различни од другите.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





